Јонгис ЕРП

Јонгис ви нуди оптимален систем за управување и контрола на ресурсите, бизнис процесите и севкупните информации низ сите нивоа и департмани на вашата организација. Повеќе од 22 години Јонгис развива, имплементира и континуирано ги подобрува своите решенија за да може да достави врвен ERP систем кој ќе и помогне на вашата компанијата да ја зголеми ефикасноста и да оствари индустриски водечки резултати.
Со Јонгис ERP корисниците добиваат заеднички интерфејс низ сите модули (финансии и сметководство, производство, продажба, магацинско работење, човечки ресурси и плати итн.) со што се поедноставува прилагодувањето на корисниците и се избегнуваат проблемите од интегрирање повеќе одделни апликации од различни компании. Дополнително, со обезбедување лесен пристап до бројни вредни извештаи овој систем брзо станува број 1 неопходна алатка за менаџментот.

Дознајте повеќе за ЕРП системот или пратете барање за презентација