Јонгис Финансии – основа на вашиот бизнис

Изберете систем кој ви  дава транспарентност и прецизна контрола над финансиите во вашата компанија, овозможувајќи ви пристап до вредни информации кои ќе ви помогнат да донесите клучни бизнис одлуки на време.
Јонгис Финансии е достапен во повеќе пакети кои одговараат на различни видови организации и деловни опкружувања. Клиентите можат да изберат од спектарот на функции за да изградат сопствен пакет кој најмногу им одговара.
Од секојдневни финансиски задачи како креирање фактури, пратење продажби и клиенти, до корпорациски решенија кои ви помагаат во креирање стратегии за раст, управување со проектни трошоци и интегрирање на сите информации меѓу финансии, платформи за наплата, дистрибуција, производство итн. (како дел од ERP системот)

Finances software

  • Управување со секојдневни финансиски задачи, книжење финансови налози, влезни и излезни фактури, автоматско и мануелно затворање на ставки итн.


  • Автоматско генерирање ДДВ пријава, автоматско поднесување на ел. завршна сметка во централен регистар


  • Пресметка на камати на отворени и затворени ставки со автоматски пресек на период за пресметка по комфорна и пропорционална метода


  • Состојби на клиенти, по аналитичко к-то, синтетичко к-то или по сите основи/конта итн.


  • Биланс на состојба, биланс на успех, други биланси и вредни извештаи


  • Регистар на контен план за – Класи на конта, Групи на конта, Синтетички конта, Аналитички конта


  • Дефинирање параметри на конта за дополнителна евиденција по Комитенти – правни и физички лица, организациони единици/локации


  • Автоматска распределба на обврските и побарувањата по комитенти и тип на приход/расход


  • Графички извештаи за приливи, одливи и други состојби во организацијата


  • Автоматско генерирање на датотеки за билансите од завршна сметка, според пропишаниот формат од Централен Регистар на РМ


  • Во целосна согласност со Меѓународните сметководствени стандарди и последните законски измени во државата

Дознај повеќе за Јонгис Финансии и неговите можности