Современо решение за подобро здравство

Јонгис Медикал претставува cloud базирана платформа која им овозможува на клиентите софистицирање на работните процеси во нивните здравствени установи, практично организирање на информациите за пациентите и нивните здравствени досиеја, и подобрување на целокупната ефикасност на ниво на целата здравствена организација. Нашиот тим соработуваше со одредени болници за да развие безбеден систем за електронска здравствена евиденција кој ќе ги содржи сите потребни функции но сепак ќе биде едноставен за употреба за сите корисници.

Платформата е составена од неколку целосно интегрирани елементи меѓу кои: комплетен клинички систем, материјална евиденција на лекови и медицински материјали, пресметки, финансии и апликација за анализа. Секоја компонента од платформата е изградена од сржта специфично според потребите на здравствените установи а не со адаптиција на постоечки сеопфатни решенија.

Системот овозможува јасна слика на сите работни процеси на установата и доставува релевантни информации до луѓето кои најдобро може да ги применат за бенефит на пациентите и установата.

Јонгис Медикал ги поврзува сите клинички и оперативни аспекти во здравствените установи со крајна цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги и зголемување на ефикасноста на сите организациски нивоа.

Електронски здравствени досиеја

Софистицирана евиденција на лекови

Електронски Упати

Лабараторија и Ренген

Пресметки

Финансии

Мој Термин (целосна интеграција)

Јонгис Медикал е постојано усогласен со последните законски измени во здравственото работење и ги исполнува сите барања на Министерство за Здравство и Фондот за Здравствено Осигурување, како и сите барања на законот за заштита на лични податоци.

Предности

Економично

Нема трошоци за скапи сервери

Нема инвестиции во хардвер

Нема трошоци за надградби

Нема трошоци за поддршка и обука

Брзо и Едноставно

Додека на пазарот има неколку системи за Електронска Здравствена Евиденција, на повеќето од нив им недостасува едноставност. Јонгис Медикал е дизајниран за брзина, така што корисникот е секогаш само клик оддалечен од посакуваната опција.

Cloud Решение

Нема инсталации, нема хардвер и софтвер за подесување, едноставно најавете се во Јонгис Медикал и почнете со работа.

Било дали сте дома, во вашата канцеларија или на патување, пристапете на Јонгис Медикал исто како на вашиот емаил.

Aвтоматски надградби и автоматско зачувување на податоците за конзистентност во работата.

Неограничена Поддршка

Без разлика дали почнувате со работа, се соочувате со нова функција или имате проблем со постоечките, нашиот тим ви нуди неограничена поддршка за да го оптимизираме вашето искуство со Јонгис Медикал.

За повеќе информации или презентација на Јонгис Медикал