Човечки Ресурси и Плати

Јонгис решението за човечки ресурси и плати овозможува ефикасно менаџирање со податоците на сите вработени во организацијата како и едноставно пресметување на месечните плати, бонуси и одбитоци. Чување и организација на основни податоци на вработените како име, презиме, датум на раѓање, место на живеење, ЕМБГ, вид на работно место и дополнителни податоци потребни на департманот за човечки ресурси. Комплетно решение за пресметка на плати кое ги содржи сите потребни функции за задоволување на барањата од овој спектар без разлика дали се работи за мали и средни или големи претпријатија. Јонгис се грижи ова решение да биде постојано услогласено со последните законски измени во Р. Македонија.

Можности


  • Пресемтка на плати, персонален данок и придонеси согласно Законот


  • Пресметка на плати според дефинираните параметри во организацијата


  • Автоматски пренос на пресметани плати во МПИН


  • ПДД-ГИ годишни и месечни извештаи во дигитална форма и пренос на истите до УЈП


  • Генерирање разни извештаи по вработен, организациони единици, временски периоди


  • Вклучени сите комбинации на работен однос (ослободувања од плаќање данок или придонеси итн.)

За детална листа на сите можности на ова решение контактирајте не тука

Евиденција на работно време

Јонгис нуди и комплетно решение за евиденција на работно време, кое вклучува сопствена апликација кој работи во интеграција со софтверот за човечки ресурси и плати, терминали за евиденција на работно време од светски познати брендови, безконтактни картички и безконтактни тагови кои го поддржуваат ISO/IEC 14443 стандардот.

Терминал за евиденција на работно време

Дознај повеќе за софтверот за човечки ресурси и плати