Јонгис ДООЕЛ и неговите подружници (“Јонгис” или “ние”) ги обезбедуваат следниве Услови на Користење кои ги опишуваат правилата и условите според кои посетителите (“вие” или “корисник”) може да ги користат информациите, функциите и услугите достапни на веб страната Jongis.com (“Сајт”) и сите поддомени. Пребарувањето на нашиот Сајт или користењето на услугите достапни на Сајтот, истовремено значи дека вие сте ги прочитале, разбрале и се согласувате да бидете законски обврзани со овие Услови на Користење и нашата Политика за Приватност. Доколку не се согласувате со Условите на Користење објавени на оваа страна, вие не смеете да го користите Сајтот.

Општи информации за содржината

Јонгис не презема никаква одговорност за точноста на информациите, податоците, графиката, или било кој други материјали (“Содржината”) достапни на Сајтот и користењето на овие содржини е на ваш ризик. Вие не смеете да превземате, репродуцирате, реиздадете, приспособите, објавите, дистрибуирате, или користите за создавање деривативни дела било кој дел од Содржината или Сајтот без претходно писмено одобрение од Јонгис.
Јонгис има право да направи измени, подобрувања или отстранувања на Сајтот, услугите или содржината во било кое време без претходно известување.
Јонгис има право да ги надгради или измени Условите за Користење без претходно известување.

Употреба на нашата веб страна

Ние сме среќни што сакате да го користите нашиот Сајт но ќе мора да го користите на начин кој е прифатлив. Невозможно е да се обезбеди листа од сите активности кои се сметаат за прифатливо и неприфатливо користењете на нашиот Сајт. Општо опфатено, Јонгис експлицитно забранува било каков обид за прекинување на правилното функционирање на Сајтот и Услугите, и било какво користење на Сајтот и Услугите на начин кој може да ја оштети репутацијата на Јонгис.
Без ограничување на општоста на неприфатлива употреба, вие се согласувате дека:

  • Нема да го користите Сајтот или Услугите за било каква незаконска или измамничка цел;
  • Нема да влијаете на Сајтот или Услугите преку користење на било каков материјал кој содржи штетни програми како вируси, малициозен софтвер;
  • Нема да користите хакирање или било какви методи за да пристапите до податоците или фајловите поврзани со Сајтот и Услугите, или личната сопственост на другите корисници;
  • Не смеете да го користите Сајтот или Услугите за учествување во било какво рекламирање или промоција на продукт, услуга или компанија, или за учествување во било каква друга форма на несоодветна комуникација(спам);
  • Нема да објавувате, дистрибуирате или на друг начин да ставите на располагање било каква содржина која иницира навреда, измама, омраза, закана, вулгарност,  или е непристојна на било каков начин;
  • Нема да ги вознемирувате, демнете или на друг начин загрозите другите корисници на Сајтот и Услугите;
  • Нема да преземете било каква активност која предизвикува неразумно и големо оптоварување на инфраструктурата на Сајтот;
  • Нема да користите пајаци, веб роботи или било каков софтвер за собирање на податоци од Сајтот вклучувајќи и информации за другите корисници;

Сајтови од трети страни

Нашиот Сајт може да содржи линкови до веб сајтови на трети страни. Јонгис нема контрола над тие сајтови, и не прифаќа било каква одговорност за содржините, достапноста или политиките на овие сајтови од трети страни. Вашето користење на веб сајтовите од трети страни и услугите достапни на тие сајтови  е регулирано со условите на користење и политиката на приватност кои се наоѓаат на тие веб страни.