Кога е во прашање здравството административните задачи се често досадни и непожелни, но сепак тие се одговорност со која мора да се соочи секоја здравствена институција. Не само што задачите како документирање и шифрирање одземаат голем дел од драгоценото време наменето за пациентите, тие исто така оставаат поголем простор за грешка кога се извршуваат рачно и можат да доведат до загуба на приходи.

Потребно беше време, но докторите сепак почнаа да ги согледуваат предностите од користење на систем за електронска здравствена евиденција (ЕЗЕ).
И кога конечно помисливме дека тие се спремни да ја остварат транзицијата од хартиена работа на ЕЗЕ систем се јавија нови препреки.
Овие препреки се однсеуваат на трошоците и сомнежите околу поврат на инвестицијата. Како движечки тренд во другите сектори така и во здравството
cloud aпликациите се докажаа како решение за отстранување на финансиските препреки и започнување на транзицијата.

Cloud системи наспроти локални системи

Kaj cloud системите за електронска здравствена евиденција, апликациите и податоци од вашата ординацијата се сместени на екстерни сервери и на нив може да се пристапи исто како на facebook, сé што ви е потребно е основен компјутер и интернет конекција.
Кај локалните системи податоците се наоѓаат на интерен сервер во вашите канцеларии, поради што е потребно ординацијата да набави сервер, хардвер и софтвер кој треба да се инсталира и подеси на самото место. Кај овие системи пристапот е најчесто ограничен и бара корисникот да е приклучен на локалната мрежа т.е. да се наоѓа во ординацијата.

 Како здравствените установи остваруваат заштеди со cloud апликациите?

Почетните инвестиции за локалните ЕЗЕ системи се премногу големи бидејќи вклучуваат набавка на сервер, лиценци, хардвер, софтвер и трошоци за имплементација. Овие инвестиции најчесто варираат од $2.000-$10.000 а можат да достигнат и многу повисока цена во зависност од потребите на институцијата.
За разлика од нив, почетните инвестиции за cloud системите се тотално елиминирани, нема трошоци за сервери, лиценци, ангажирање тим за имплементација итн. Клиентите плаќаат месечен надоместок како дел од договорот за користење на апликацијата, слично како користење услуга од мобилните оператори.

Безболна имплементација и континуирана работa

Кај локалните системи имплементацијата одзема многу време и ресурси, како присутност на стручни лица за инсталација, конфигурирање, надградби итн. Кај овие системи постои и поголема веројатност за прекини во работата при инсталирање на надградби, одржување на системот итн.

Cloud системите ве ослободуваат од овие главоболки и скриените трошоци кои произлегуваат од нив. Вашите податоци и подесувања се секогаш зачувани на cloud системот, дури и при проблеми со уредите во вашата канцеларија , едноставно се логирате од друг компјутер и може да продолжите со работа. Надградбите се автоматски така што корисникот секогаш работи на последната верзија без да троши време на инсталации. Cloud апликациите му овозможуваат на клиентот континуираност во работата, што е од особено значење во здравствениот сектор.

Флуидна комуникација и соработка

Без разлика дали сте во вашата канцеларија, дома или на пат, со cloud технологијата апликациите за електронска здравствена евиденција се достапни насекаде исто како facebook, gmail и сл. Ова овозможува подобра соработка меѓу докторите, персоналот и пациентите бидејќи тие секогаш имаат пристап до потребните информации.