ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА

ERP систем приспособен на вашето работење

Управувајте со набавката, залихите, производството и продажбата во еден cloud ERP систем. Следете ги роковите на траење и историјата на издадените помагала. Автоматизирајте ги пресметките и наплатата при продажба преку ФЗО, со јасен увид во продажбата по подрачни служби. Намалете го рачниот внес и поврзете ги сите податоци со финансиското работење.

Fastening a black wrist support

Брзо пребарување артикли во систем

Пронајдете ги сите артикли по име, шифра или фонд шифра, со веднаш достапни информации за залиха, локација, референтна цена и партиципација на едно место.

Производство на помагала по мерка

Преземете ја секоја нарачка со работен налог за изработка на помагало за конкретен пациент. Следење на материјалите, трошоците и роковите за изработка, со јасен увид до каде е секоја нарачка.

Извештај за промет на артикли и услуги од ФЗО

Филтрирајте го извештајот по подрачни служби и период за да видите промет на артикли и услуги од ФЗО.

Од фонд потврда до наплата од ФЗО со поврзана евиденција

За секое издадено помагало, имајте ги на едно место податоците за пациентот, потврдата, продажбата и подрачната служба. При подигнување, генерирајте ја потребната документација за изјавите за фонд, без повторно пополнување на податоците.

За фактурирање кон ФЗО, подгответе спецификации за избраната служба и период.

Закажи демо →
pharmacy medical erp

Продажба со здравствено осигурување.

Евидентирајте име и презиме, ЕЗБО и датум на раѓање за секој пациент и продажбата поврзете ја со бројот на потврдата и подрачната служба. Следете ја историјата на нарачки и издадени помагала, а при подигнување директно генерирајте изјави за Фонд, потврда за изработка и изјави за ИНП и ПНП од веќе внесените податоци.

Пребарување по фонд шифра

Со внесување фонд шифра добијте ги сите артикли поврзани со шифрата, заедно со референтната и продажната цена на едно место. Изберете го соодветното помагало без дополнителни пребарувања.

Партиципација и доплата без рачна пресметка

Поставете партиципација како фиксен износ, процент или без партиципација, според соодветната старосна група. При продажба, системот автоматски ги применува зададените правила и го пресметува износот за наплата, вклучително и доплатата за надстандардно помагало.

Спецификации по подрачна служба

Лесно евидентирајте ја подрачната служба каде што е заверена потврдата. За избраниот период автоматски генерирајте спецификации по служба за фактурирање кон ФЗО.

Продажба со здравствено осигурување.

Евидентирајте име и презиме, ЕЗБО и датум на раѓање за секој пациент и продажбата поврзете ја со бројот на потврдата и подрачната служба. Следете ја историјата на нарачки и издадени помагала, а при подигнување директно генерирајте изјави за Фонд, потврда за изработка и изјави за ИНП и ПНП од веќе внесените податоци.

Пребарување по фонд шифра

Со внесување фонд шифра добијте ги сите артикли поврзани со шифрата, заедно со референтната и продажната цена на едно место. Изберете го соодветното помагало без дополнителни пребарувања.

Партиципација и доплата без рачна пресметка

Поставете партиципација како фиксен износ, процент или без партиципација, според соодветната старосна група. При продажба, системот автоматски ги применува зададените правила и го пресметува износот за наплата, вклучително и доплатата за надстандардно помагало.

Спецификации по подрачна служба

Лесно евидентирајте ја подрачната служба каде што е заверена потврдата. За избраниот период автоматски генерирајте спецификации по служба за фактурирање кон ФЗО.

Точна залиха со следење серии и рокови на траење

Организирајте ги лековите, медицинските помагала и потрошните материјали во каталог според вашиот асортиман. Следете ги количините и вредноста по магацин и продажно место, со автоматско ажурирање при прием, продажба, пренос или поврат на роба. Работете со пакувања и поединечни со автоматска конверзија.

Прием и набавна цена

Споредете ги примените со нарачаните количини и цени. Вклучете ги транспортните и другите зависни трошоци во набавната цена според ваши правила. Со приемот автоматски се ажурираат количината и вредноста на залихата.

Серии и рокови на траење

Евидентирајте ги сериите и роковите на траење и проверете ги количините по локација. Издвојте ги производите со рок што наскоро истекува за навреме да ја планирате нивната продажба или испорака.

Резервирање материјали за изработка

Резервирајте ги потребните материјали и компоненти за изработка на помагала по мерка. Следете кои количини се наменети за тековните нарачки, колку остануваат слободни и што треба да се набави за следните изработки.

Нарачки и испораки до аптеки, клиники и ординации

Водете ја продажбата кон аптеки, клиники, ординации и други деловни купувачи. Поврзете ги понудите, нарачките, испратниците и фактурите со автоматско преземање на податоците од еден документ во друг. Следете што е нарачано, испорачано и останува за реализација.

Цени и услови по купувач

Дефинирајте посебни ценовници, рабати и рокови за плаќање. Применувајте ги договорените услови при креирање на продажните документи, според купувачот, артиклите и периодот на важност.

Од нарачка до производство

Кога нарачаниот производ треба да се изработи сериски или по мерк, дирекно поврзете ја нарачката со работен налог. Следете ја изработката и подгответе ја испораката според произведените количини.

Целосни и делумни испораки

Реализирајте ја нарачката одеднаш или во повеќе испораки. Проверете ги испорачаните и преостанатите количини за секој купувач, со поврзани документи за следење на продажбата

Изработка по мерка и сериско производство со следење на роковите

Поврзете ги материјалите, составниците, операциите и готовите производи во еден производствен процес. Евидентирајте ја потрошувачката и произведените количини за да ја следите производната цена и состојбата на залихите.

Индивидуална изработка по мерка

Отворете работен налог за конкретно физичко лице и нарачка. Дефинирајте ги потребните материјали и операции според помагалото што се изработува и следете ја реализацијата до готов производ.

Сериско производство

Планирајте изработка на повеќе единици од ист производ со однапред дефинирана составница. Следете ги потребните и потрошените материјали, операциите и готовите количини за секој работен налог.

Работни налози и рокови за изработка

Прегледувајте и филтрирајте ги работните налози според рокот за изработка. Проверете кои нарачки треба да се завршат во избраниот период и до каде е нивната реализација.

Целокупно финансиско работење со увид во секоја наплата

Документите од набавката, продажбата и производството автоматски се книжат во Финансии според ваши правила. Поврзете ги фактурите, наплатите, плаќањата, трошоците и вредноста на залихата, со можност да го отворите изворниот документ за секое книжење.

Смарт трансакции и прецизно книжење

Дефинирајте финансиски трансакции со соодветни конта, тип на вредност и дополнителни податоци за анализа. Применувајте ги истите правила при секое книжење и следете го работењето по комитент, локација или други параметри.

Побарувања, обврски и наплати од ФЗО

Следете ги долговите на купувачите, обврските кон добавувачите и роковите за плаќање. Преку евидентираните трансакции од ФЗО проверете кои фактури се платени и колку останува за наплата по подрачна служба.

Е-фактура и финансиски извештаи

Подгответе е-фактура со еден клик од веќе креираните документи. Автоматски генерирајте ДДВ-пријава, биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и други финансиски извештаи.

Од евидентирани податоци до одговори за вашето работење

Jongis BI ги обединува податоците од продажбата, залихите, производството и финансиите во извештаи што ги приспособувате на вашите потреби. Споредувајте ги резултатите по артикл, купувач, локација или период. Побарајте извештај од AI агентот со едноставно барање, на пример: „Прикажи ги неплатените фактури за 2026 година“.

Продажба и финансиски податоци

Споредувајте ги прометот и маржата по артикл, група производи или продажно место. Проверете како набавните цени и попустите влијаат врз заработката.

Преглед по подрачна служба и период

Издвојте ги продажбите по подрачна служба, датум или лице и отворете ја соодветната историја на нарачки. Користете ги овие прегледи за проверка на податоците и документацијата поврзана со ФЗО.

Ohaio – AI агент

Поставувајте прашања со свои зборови и добивајте податоци и извештаи од ERP системот. Ohaio ви помага и со насоки за користење на функционалностите и извршување на секојдневните задачи.

Набавувајте во кутии, продавајте во ленти или парчиња

Водете го истиот артикл во две мерни единици според начинот на пакување и продажба: кутија и лента или кутија и парче. Дефинирајте го соодносот, а Jongis ERP автоматски ги пресметува количините при прием, продажба и испорака.

На пример, ако една кутија содржи 10 ленти, при прием на 20 кутии располагате со 200 ленти. По продажба на 3 ленти, преостануваат 197 ленти, односно 19,7 кутии. Така ја гледате точната преостаната количина и кога продавате дел од пакувањето.

Закажи демо →
medicine cardboard box blister strips

За кои компании е наменето решението?

Центри за ортопедски помагала

Центри за слушни помагала

Аптеки и аптекарски синџири

Веледрогерии и дистрибутери на медицинска опрема

Намалете ги оперативните трошоци и зголемете ја профитабилноста на вашето работење

Заштедете време на пресметки и документација, намалете го ризикот од погрешно наплатени износи и следете наплати од ФЗО - со Jongis ERP.

Да. При пребарување по фондовска шифра, системот ги прикажува сите поврзани артикли со нивните референтни и продажни цени. Вработениот може да ги спореди опциите и да го избере соодветното помагало.

Автоматската пресметка ги користи продажната и референтната цена и поставените правила за партиципација според старосна група. Партиципацијата може да биде фиксен износ, процент или да не се наплатува. Се зема предвид и доплатата за надстандардно помагало.

Можете да евидентирате име и презиме, ЕЗБО и датум на раѓање, како и број на потврда, подрачна служба и доктор или референт. Имате увид во историјата на нарачки и продажби, со филтрирање по лице, датум или подрачна служба.

При реализација на продажбата можете директно да генерирате изјави за Фонд, потврда за изработка и изјави за ИНП и ПНП, користејќи ги веќе евидентираните податоци.

Да. Со филтрирање по подрачна служба и период можете да ги следите фактурите и евидентираните уплати од ФЗО и да проверите кои побарувања остануваат отворени.

Да. Можете да водите работни налози за конкретно лице и нарачка или за сериска изработка на повеќе единици од производ. Во двата случаи ги следите материјалите, реализацијата и роковите за изработка.

Да. Евидентирате серии и рокови на траење, со преглед на количините по магацин и продажно место. Така можете навреме да ги издвоите производите чиј рок наскоро истекува.