РЕШЕНИЕ ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И АЛАТИ
Jongis ERP системот ги поврзува набавките, залихите, производството, продажбата и финансиите во еден систем за компании од индустријата. Намалете го рачниот внес, забрзајте ја обработката на нарачките и контролирајте ги трошоците и маржите со точни податоци во реално време.

Набавувајте и продавајте ги артиклите во пакети, парчиња, метри, квадратни метри или килограми. Системот автоматски ги пресметува количините и ја ажурира залихата во соодветната мерна единица.
Водете евиденција по проект или градилиште, со точен увид во залихите, производството и потрошените материјали. Поврзете ги издадените „ситуации“, фактурите, трошоците и наплатите за да ја следите финансиската состојба на секој проект.
Следете ги набавните и продажните цени и остварената маржа по артикл, купувач или продажба. Поставете посебни цени и попусти според купувач, количина или договорени услови.
Подгответе и испратете е-фактура од веќе евидентираните податоци во ERP системот, без препишување во изолирани или застарени системи.
Фактурирање по член 32-а
Jongis ERP поддржува фактурирање согласно член 32-а, со автоматско книжење и поврзана финансиска евиденција. Од издавање фактура до евиденција на наплатата, работете со истите податоци, без повторен внес.
Набавувајте во кутии, продавајте во квадратни метри
Водете го истиот артикл во две мерни единици: кутија и парче, пакет и квадратен метар или вреќа и килограм. Поставете го соодносот, а системот автоматски ги конвертира количините при прием, продажба и испорака.
На пример, ако една кутија плочки покрива 1,44 m², при продажба на 14,4 m² залихата се намалува за 10 кутии. Преостанатата количина ја гледате во двете мерни единици.

Следете ги количините и вредноста на градежните материјали и алатите по магацин, стовариште и продажно место. Евидентирајте прием, пренос, резервации и поврат, а издадените материјали поврзете ги со соодветниот проект или градилиште. Секое движење автоматски ја ажурира залихата.
Споредете ги примените со нарачаните количини и цени и веднаш утврдете ги отстапувањата. Вклучете ги транспортните и другите зависни трошоци во набавната цена, според ваши правила. Со приемот автоматски се ажурираат количината и вредноста на залихата.
Пренесувајте артикли меѓу магацини, стоваришта и продажни места и резервирајте ги потребните количини за конкретна нарачка или купувач. Секое движење и поврат останува евидентирано во системот.
Организирајте ги градежните материјали, алатите и техничката стока по тип, намена, бренд и димензии. Брзо пронајдете артикл по дел од име, шифра, баркод или карактеристика и проверете ја достапноста по магацини и продажни места.
Следете ги количините и вредноста на градежните материјали и алатите по магацин, стовариште и продажно место. Евидентирајте прием, пренос, резервации и поврат, а издадените материјали поврзете ги со соодветниот проект или градилиште. Секое движење автоматски ја ажурира залихата.
Споредете ги примените со нарачаните количини и цени и веднаш утврдете ги отстапувањата. Вклучете ги транспортните и другите зависни трошоци во набавната цена, според ваши правила. Со приемот автоматски се ажурираат количината и вредноста на залихата.
Пренесувајте артикли меѓу магацини, стоваришта и продажни места и резервирајте ги потребните количини за конкретна нарачка или купувач. Секое движење и поврат останува евидентирано во системот.
Организирајте ги градежните материјали, алатите и техничката стока по тип, намена, бренд и димензии. Брзо пронајдете артикл по дел од име, шифра, баркод или карактеристика и проверете ја достапноста по магацини и продажни места.
За компаниите со сопствено производство, Jongis ERP овозможува управување со материјали, нормативи, операции, отпад, работни налози и готови производи. Дефинирајте фази според вашиот производствен процес и планирајте го производството по нарачка, проект или потребна количина. Генерирајте баркодови и декларации за новите производи според ваши шеми и типот на производот.
Поврзете го работниот налог со конкретна нарачка или проект. Следете ги операциите, роковите и произведените количини за да знаете до каде е реализацијата и што останува да се заврши.
Зачувајте ги потребните материјали и количини за секој производ и повторно користете го нормативот при следното производство. По потреба, лесно изменете го при промена на составот, димензиите или пакувањето.
Пред почетокот проверете кои материјали се достапни и што треба да се набави. При реализација евидентирајте ги потрошените материјали, отпадот и готовите количини. Системот ја пресметува производната цена и автоматски ја ажурира залихата.
Поврзете ги понудите, нарачките, испратниците и фактурите со автоматско преземање на податоците од еден документ во друг. Следете ги целосните и делумните испораки до магацин, продажен објект или градилиште, со преглед на преостанатите количини за секоја нарачка. Креирајте декларации за градежните материјали и алатите по ваш образец и испечатете го потребниот број примероци.
Креирајте понуди и нарачки при посета на купувач или градилиште. Проверете ги цените, достапната залиха и податоците за комитентот директно од мобилен уред. Внесените нарачки се веднаш достапни во системот за обработка и испорака.
Водете фактури за увоз во оригинална валута, со конверзија во денари според важечки курс. Вклучете ги девизните и денарските трошоци за транспорт, царина и други зависни трошоци во набавната цена, според ваши правила.
Дефинирајте посебни ценовници, рабати и рокови за плаќање за дистрибутери, изведувачи и други деловни купувачи. Договорените услови автоматски се применуваат при креирање документи, според купувачот, групата артикли, количината или периодот на важност.
Со Jongis PoS следете го прометот по локација, каса или продавач. Креирајте нарачки и резервирајте количини за подоцнежно преземање или испорака. Решението овозможува целосен преглед на касите и смените преку издадените сметки, наплатите, сторнираните трансакции и дневните извештаи.
Пронајдете го артиклот по дел од име, шифра или баркод и проверете ја достапноста по магацини и продажни места. Овозможете плаќање во готово, со картичка или со комбинирана наплата, со можност за поврзување со банкарски PoS-терминали.
Креирајте нарачка или резервирајте ја потребната количина за купувачот. Доколку артиклот не е достапен на продажното место, проверете ја залихата во другите магацини или продавници и резервирајте го од соодветната локација.
Поврзете го системот со фискалните уреди и автоматизирајте ги ПЛТ, ЕТ, КДФИ и нивелациите при промена на ценовници, акции или попусти.
Документите од набавката, продажбата, увозот и производството автоматски се книжат во Финансии според ваши правила. Jongis ERP ги поврзува фактурите, наплатите, плаќањата, трошоците и вредноста на залихата во една евиденција. Секое книжење е поврзано со изворниот документ, со можност за анализа по комитент, локација, проект или други параметри што сами ги дефинирате.
Дефинирајте финансиски трансакции со соодветни конта, тип на вредност и дополнителни податоци за следење. Применувајте ги истите правила при секое книжење и добијте детална аналитика без промена на структурата на контниот план.
Следете ги побарувањата од купувачите, обврските кон добавувачите и роковите за плаќање. Планирајте буџети и споредувајте ги остварените приходи и расходи со планираните, за навреме да ги забележите отстапувањата.
Подгответе е-фактура со еден клик од веќе креираните документи. Автоматски генерирајте ДДВ-пријава, биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и други финансиски извештаи.
Jongis BI ги обединува податоците од набавката, продажбата, производството и финансиите во извештаи што ги приспособувате на вашите потреби. Споредувајте ги резултатите по артикл, група производи, комитент, локација или период. Побарајте извештај од AI агентот со едноставно барање, на пример: „Прикажи ги неплатените фактури за 2026 година“ или „Кои алати имаат најголема продажба овој месец?“.
Споредувајте ги набавните и продажните цени и остварената маржа по артикл, група или купувач. Проверете кои материјали и алати носат најголем промет и како попустите влијаат врз заработката.
Следете ги количините, вредноста и обртот на залихата. Издвојте ги артиклите што брзо се продаваат и оние што подолго остануваат во магацин, за да ја планирате набавката според реалната потрошувачка и побарувачка.
Поставувајте прашања со свои зборови и добивајте податоци и извештаи директно од ERP системот. Ohaio ви помага и при секојдневната работа, со насоки за користење на функционалностите и извршување на задачите.
Решението се конфигурира според асортиманот, продажните канали и начинот на работење на компанијата - без разлика дали се занимава со трговија, увоз, дистрибуција или производство.
Откријте каде вашата компанија може да заштеди време, ресурси и оперативен напор.
Да. Е-фактурата се подготвува од веќе евидентираните документи и податоци во Jongis ERP, без повторно внесување во посебна алатка.
Системот се конфигурира за малопродажба, големопродажба, стоваришта, увоз, дистрибуција и производство, како и за компании што комбинираат повеќе начини на работење.
Да. За артиклот се поставува основна мерна единица и дополнителни единици за набавка и продажба со соодветен фактор на конверзија. На пример, материјалот може да се набави во пакети, а да се продава во метри, квадратни метри или парчиња.
Секој прием, пренос, продажба и испорака ја ажурира залихата на соодветната локација. Корисниците имаат преглед на физичките, резервираните и расположливите количини.
Да. Девизните калкулации ги опфаќаат фактурите во оригинална валута, курсните разлики и зависните трошоци како транспорт и царина, за попрецизна пресметка на набавната вредност.
Да. Производствениот модул овозможува работа со нормативи, работни налози, потрошени материјали, полупроизводи, готови производи и производни трошоци.
Не. Решението се конфигурира според процесите и потребите на компанијата. Може да започнете со потребните модули и подоцна да го проширите системот.