ERP РЕШЕНИЕ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

Од суровина до полица - сè во еден систем

Без разлика дали произведувате, увезувате, дистрибуирате или продавате, добивате точни податоци за залихата, сериите, роковите, набавните цени и маржите во реално време. Автоматизирајте го текот од нарачка и набавка до испорака и наплата, со систем што е лесен за користење и ви овозможува поголема контрола врз работењето.

polici hrana i pijalaci

Набавка и прием на стока

Јасен увид и споредба на нарачки, добаваувачи, набавни цени, количини и маржи на производи.

Рецептури и производство

Планирајте го производството со точни рецептури и работни налози. Споредувајте ја планираната со реалната потрошувачка и следете ја производната цена.

Рокови и точна залиха

Преглед на количините по производ, серија и локација, со навремена информација за рок на траење.

Продажба, наплата и испорака

Поврзете ги големопродажбата и малопродажбата со нарачките, испораките и залихата. Работете со точни информации во секој продажен канал.

Следливост на секоја серија – од набавка до испорака

Во индустријата за храна и пијалаци, следливоста на потеклото на производите и суровините е клучна за безбедноста, контролата на квалитетот и исполнувањето на законските обврски. Jongis ERP ја поврзува секоја серија со добавувачот, приемот, магацинските движења, производството и продажбата.

Со едно пребарување се гледа каде се наоѓа серијата, колкава количина е достапна, кога истекува рокот и на кои купувачи е испорачана. Така проверките на квалитетот, рекламациите и евентуалното повлекување производ се спроведуваат побрзо и со точни податоци.

lot rok barkod jongis erp

Брза продажба и точна залиха на секоја локација

Поедноставете ја секојдневната продажба со брза наплата, точни информации за производите и ажурирана залиха на сите малопродажни локации. Лесно пронаоѓајте и групирајте ги производите според категории, алергени, состав и други дефинирани карактеристики. Овозможете различни начини на наплата и поврзување со платежни терминали за побрза услуга на купувачите, а со интерни нарачки навремено надополнувајте ги потребните производи на секоја локација.

Брза наплата на каса

Додавајте ги артиклите со пребарување, скен-баркод или на touch screen. Продажбата се одвива брзо, а податоците веднаш се евидентираат.

Попусти и акции

Поставувајте попусти, периодични акции и loyalty програми според артикл, група производи, производител, купувач или период. Касиерите работат по однапред дефинирани правила, без импровизација на каса.

Фискализација и законска усогласеност

Поврзување со фискални апарати и поддршка за ПЛТ, ЕТ, КДФИ и нивелација на продажните цени, согласно барањата за малопродажно работење.

Брза продажба и точна залиха на секоја локација

Поедноставете ја секојдневната продажба со брза наплата, точни информации за производите и ажурирана залиха на сите малопродажни локации. Лесно пронаоѓајте и групирајте ги производите според категории, алергени, состав и други дефинирани карактеристики. Овозможете различни начини на наплата и поврзување со платежни терминали за побрза услуга на купувачите, а со интерни нарачки навремено надополнувајте ги потребните производи на секоја локација.

Брза наплата на каса

Додавајте ги артиклите со пребарување, скен-баркод или на touch screen. Продажбата се одвива брзо, а податоците веднаш се евидентираат.

Попусти и акции

Поставувајте попусти, периодични акции и loyalty програми според артикл, група производи, производител, купувач или период. Касиерите работат по однапред дефинирани правила, без импровизација на каса.

Фискализација и законска усогласеност

Поврзување со фискални апарати и поддршка за ПЛТ, ЕТ, КДФИ и нивелација на продажните цени, согласно барањата за малопродажно работење.

Нарачки, набавки, продажба, увоз и извоз

Управувајте со целиот комерцијален тек - од понуди и нарачки до набавки, продажба, фактурирање, увоз, извоз и испорака. Поставувајте различни цени, попусти и услови за маркети, угостителски објекти, дистрибутери и други деловни купувачи. Девизните калкулации ги опфаќаат фактурите во оригинална валута, курсните разлики и зависните трошоци при увоз, за точна пресметка на набавната цена. Сите комерцијални процеси се поврзани со материјалното и финансиското работење.

Мобилна апликација за теренска продажба

Комерцијалистите можат директно од терен да креираат нови нарачки, да проверат залиха и цени и да пристапат до податоците за комитентите.

Поврзани документи и продажен тек

Поврзете ги понудите, нарачките, испратниците и фактурите во еден продажен тек, приспособен на начинот на кој работи вашата компанија.

Smart нарачка

Автоматски креирајте нарачки според историјата на продажба, тековната залиха и избраниот период. Подобрете го планирањето и намалете го ризикот од недостиг или вишок производи.

Прецизна контрола на секоја фаза од производството

Планирајте, одобрувајте и следете го производството од едно место - од потребата и нарачката за суровини до статусот на полупроизводите и готовите производи. Имајте точни информации за потеклото на суровините, роковите на траење и напредокот на секоја производствена фаза.

Сериско и производство по нарачка

Управувајте со сериско производство или производство според конкретна нарачка. Лесно приспособувајте ги рецептурите според производот и производствените потреби.

Работни налози и следење на производството

Планирајте, одобрувајте и следете ги работните налози, фазите и статусот на полупроизводите за навремен увид во текот на производството.

Автоматско генерирање лотови

Генерирајте лотови автоматски според однапред дефинирани правила и обезбедете следливост на производите, употребените суровини и роковите на траење.

Менаџирајте залихи со систем дизајниран за храна и пијалаци

Организирајте го целиот асортиман преку детален шифрарник на артикли со производители, брендови, слики, каталози, декларации и повеќе единици мерки. Следете ги количините, сериите, роковите на траење и локацијата на секој производ во сите магацини и продажни места. Имајте точна залиха во реално време - од набавката и приемот до преносот, производството и испораката.

Детален шифрарник на артикли

За секој артикл дефинирајте производител, бренд, категорија, слика, каталошки податоци, состав и карактеристики како без глутен, вегански, халал или алергени.

Споредба на набавни цени

Споредувајте ги набавните цени, количините и условите од различни добавувачи за подобри одлуки при набавката и поголема контрола на маржите.

Креирање и печатење декларации

Креирајте декларации на повеќе јазици од веќе внесените податоци за производот и директно од системот испечатете го потребниот број примероци.

Целосен финансиски увид во работењето

Поврзете ги продажбата, набавката, увозот, производството и залихите во еден финансиски тек. Следете ги приходите, расходите, побарувањата, обврските и плаќањата, без повторно внесување на податоците од оперативните документи. Анализирајте ги резултатите по производ, комитент, локација, продажен канал или избран период и добијте јасен увид во трошоците, маржите и профитабилноста.

Евиденција од сите локации и процеси

Малопродажниот промет, големопродажните фактури, набавките, увозните трошоци, производството и движењето на залихите се обединуваат во еден финансиски систем.

Наплати, побарувања и обврски

Следете кои фактури се наплатени, кои побарувања се отворени, што треба да се плати кон добавувачите и кога достасува секоја обврска.

Е-фактура и законски извештаи

Подгответе е-фактура од веќе креираните документи и користете ги евидентираните податоци за ДДВ-пријави, биланси и други финансиски извештаи.

Јасни извештаи за секој оддел во компанијата

Jongis ERP овозможува точни и прегледни извештаи конфигурирани според потребите на компанијата, одделите и корисниците, што се базираат на податоците од сите модули во системот.

Jongis BI овозможува визуелен приказ на резултати, трендови и движења по сектори. Наместо рачно спојување табели и барање информации од различни места, компанијата добива јасен преглед на работењето - од оперативни детали до менаџерски dashboards.

Продажба, маржа и наплата

Анализирајте кои производи и категории се продаваат најмногу, каде се остварува најдобра маржа и кои фактури или побарувања остануваат отворени.

Конфигурација на извештаи

Конфигурирајте и зачувајте ги како шаблон извештаите според потребите на компанијата, со избор на податоци, колони, филтри, групирања и периоди. Целосен преглед по производ, категорија, серија, купувач, добавувач, магацин или продажна локација.

BI извештаи и AI агент

Претворете ги компаниските податоци во јасни визуелни прикази. Следете ги трендовите и промените во продажбата, маржата, трошоците и количините. Ohaio - AI агентот е достапен 24/7 за побрзо пронаоѓање информации и добивање одговори од податоците во системот.

За кои компании е наменето решението?

Маркети и малопродажни синџири

Увозници, големопродажба и дистрибуција

Пекарници и производители на кондиторски производи

Производители и преработувачи на месо

Млекари и производители на млечни производи

Производители и дистрибутери на пијалаци

Преработувачи на овошје и зеленчук

Производители на готова и полуготова храна

Автоматизирајте ги процесите и добијте целосна контрола врз целото работење

Откријте каде вашата компанија може да заштеди време, ресурси и оперативен напор.

Да. Jongis ERP овозможува евиденција на серии и рокови на траење, со преглед на количините по магацин и продажно место. Така можете навреме да ги издвоите производите со рок што наскоро истекува и да ја планирате нивната продажба или испорака.

Да. Серијата е поврзана со приемот, магацинските движења, производството и продажните документи, што овозможува да се утврди каде се наоѓа и на кои купувачи е испорачана.

Да. Е-фактурата се подготвува од веќе креираните документи во Jongis ERP, без повторно внесување на купувачот, производите, количините, цените и даноците.

Да. Може да се дефинираат рецептури и нормативи за готови производи и полупроизводи, да се креираат производни налози и да се евидентираат реалната потрошувачка и произведените количини.

Да. Системот поддржува управување со еден или повеќе магацини и локации. Залихата се следи одделно по магацин и продажна локација, а преносите се евидентираат преку поврзани материјални документи.

Да. Извештаите може да се конфигурираат со потребните колони, филтри, групирања и периоди, според производ, серија, купувач, добавувач, магацин или продажна локација.