ERP СИСТЕМ ЗА ОБЛЕКА И ОБУВКИ
Модели, бои, големини, колекции и сезони - со преглед по локација и ажурирани цени, попусти и маржи, сѐ на едно место. Автоматизирајте го текот од набавка и производство до продажба, испорака и наплата, со систем што е лесен за користење и ви овозможува целосна контрола врз работењето.

Продажните места, магацините и онлајн продавницата работат со иста ажурирана залиха во реално време по секоја продажба, пренос или увоз.
Следење на сите артикли по локација, модел, боја, големина, сезона и колекција, со посебна шифра и баркод за секоја варијанта на артикл.
Забрзајте ја продажбата на каса и автоматски ажурирајте ги прометот и финансиската евиденција со секоја издадена сметка.
Креирајте акции и попусти според артикл, колекција, купувач или период и наградете ги редовните купувачи според однапред дефинирани правила.
Во индустријата за облека и обувки, еден модел може да има повеќе комбинации по боја, големина, материјал, сезона или колекција. Овие потреби се вградени во Jongis ERP за лесно да ги следите производите според модели, со сопствена шифра и баркод за секоја комбинација, што овозможува лесна евиденција и брзо пребарување на артиклите.
Со едно пребарување веднаш се гледа достапната количина и локацијата на која се наоѓа секоја варијанта на артиклот. Добијте детална аналитика за комерцијалното работење и споредете ја продажбата збирно по производ или детално по модел, боја, големина и материјал. На пример, споредете ја вкупната продажба на еден модел маица со продажбата по бои и големини – бели и црни маици во големини S, M и L.

За секој артикл може да се евидентираат шифра, ЕАН-код, баркодови, фотографии, состав, бренд, производител, добавувач, единици мерки и други релевантни карактеристики. Групите, подгрупите и дополнителните полиња се поставуваат според номенклатурата на компанијата, за усогласено користење на податоците во набавката, магацинот, малопродажбата, големопродажбата и производството.
Smart search за лесно лоцирање артикли по дел од име, баркод, шифра, боја и големина. Брза проверка на достапност по магацини и по продажни места.
Организирајте го асортиманот во групи како облека, обувки и модни додатоци, со подгрупи за машки, женски и детски производи и категории според вид, сезона или колекција.
Масовен импорт на производи и нивните карактеристики од пакинг-листи и датотеки во XLS и CSV формат.
За секој артикл може да се евидентираат шифра, ЕАН-код, баркодови, фотографии, состав, бренд, производител, добавувач, единици мерки и други релевантни карактеристики. Групите, подгрупите и дополнителните полиња се поставуваат според номенклатурата на компанијата, за усогласено користење на податоците во набавката, магацинот, малопродажбата, големопродажбата и производството.
Smart search за лесно лоцирање артикли по дел од име, баркод, шифра, боја и големина. Брза проверка на достапност по магацини и по продажни места.
Организирајте го асортиманот во групи како облека, обувки и модни додатоци, со подгрупи за машки, женски и детски производи и категории според вид, сезона или колекција.
Масовен импорт на производи и нивните карактеристики од пакинг-листи и датотеки во XLS и CSV формат.
Системот овозможува целосна следливост на артиклите, од набавка и прием од добавувач до распределба, продажба и испорака. Секое движење е евидентирано и поврзано со соодветните материјални документи кои се креираат со еден клик од веќе постоечките податоци во системот.
При прием, системот ги споредува пристигнатите со нарачаните количини и цени. Кај увозот, девизната калкулација автоматски ги конвертира износите од оригиналната валута и ги вклучува девизните и денарските зависни трошоци во набавната цена.
Автоматски креирајте нарачки според историјата на продажба, тековната залиха и избраниот период. Подобрете го планирањето и намалете го ризикот од недостиг или вишок производи.
Следете ја количинската и вредносната состојба според просечна набавна цена, FIFO, или друг избран метод. Вредноста се ажурира со секое движење на стоката и е усогласена со финансиската евиденција.
Скенирајте баркод, издајте сметка и следете ја продажбата по продавница, каса или продавач. Контролирајте ги касите и смените со увид во издадените сметки, статусот на наплата и сторнираните трансакции. Дневните извештаи и рекапитулациите се подготвуваат според начинот на плаќање.
Овозможете плаќање во готово, со картичка, loyalty картичка или комбинирана наплата, со можност за поврзување со банкарски PoS-терминали.
Поставете попусти на поединечни артикли или на ниво на целата сметка. Креирајте понуди како „Плати 2, добиј 3“, попуст на вториот артикл или попуст за купување над одредена вредност.
Поврзете ги сите видови фискални уреди и автоматизирајте ги ПЛТ, ЕТ, КДФИ и нивелациите при промена на ценовници, акции или сезонски распродажби.
Водете понуди, нарачки, испратници, приемници, профактури и фактури во поврзан тек. Податоците од еден документ автоматски се преземаат во следниот, без повторно внесување на ставки. Следете ги набавките, увозот, продажбата и испораките за секој деловен купувач. Креирајте декларации по ваш образец, на повеќе јазици, и испечатете го потребниот број примероци директно од системот.
Креирајте нарачки при посета на купувачите и проверете ги достапните количини и цените директно од мобилен телефон. Внесените нарачки се достапни во системот за понатамошна обработка и испорака.
Водете фактури за увоз во оригинална валута, со конверзија во денари според важечки курс. Вклучете ги девизните и денарските трошоци за точна пресметка на набавната цена, според ваши правила.
Добијте преглед на претходните нарачки и купувања, договорени цени и плаќања за секој комитент. Дефинирајте посебни ценовници, рабати, рокови за плаќање и комерцијални услови по купувач, количина или период, со автоматска примена при креирање на документите.
За компаниите со сопствено производство, Jongis ERP овозможува лесно управување со материјали, нормативи, операции, отпад, работни налози и готови производи. Дефинирајте фази според вашиот производствен процес, планирајте и следете го производството по модел, колекција, состав или нарачка, со детален преглед на потребните материјали, произведените количини и трошоците. Масовно генерирајте баркодови и декларации за новите производи според ваши шеми и типот на производот.
Поврзете го налогот со конкретна нарачка и следете ги операторите, роковите и статус на производство во секое време.
Дефинирајте ги и зачувајте ги потребните количини ткаенина, кожа, конец или други материјали за производство на секој модел. Составницата останува достапна за идните работни налози и по потреба лесно се уредува и менува.
Пред почетокот системот покажува кои материјали се на залиха и што треба да се обезбеди. При реализација автоматски ги евидентира потрошените материјали и готовите количини, ја пресметува производната цена и ажурира залихата.
Документите од продавниците, големопродажбата, увозот и производството автоматски се книжат во Финансии според ваши правила, без потреба од паралелно водење евиденција, дополнителни табели и рачни усогласувања. Со смарт трансакциите дефинирајте ги типот на вредност, контата и дополнителните податоци за следење и анализа на секое книжење. Jongis ERP дава точен преглед на прометот, фактурите, наплатите, обврските, трошоците и вредноста на залихата, со податоци поврзани со нивните изворни документи.
Целосен преглед во реално време од PoS-прометот, големопродажните фактури, увозните трошоци, вредноста на залихата и производните документи се обединуваат во еден финансиски тек.
Следете што е наплатено од деловните купувачи, кои фактури се отворени, што треба да се плати кон добавувачите и кога доспева секоја обврска.
Подгответе е-фактура со еден клик од веќе креираните документи. Автоматски генерирајте ДДВ-пријава, биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и други финансиски извештаи.
Jongis BI ги обединува податоците од системот во јасни извештаи и визуелни прикази. Следете како се движат моделите, варијантите и колекциите и споредувајте ги резултатите по локација, продажен канал или период. Побарајте извештај од AI асистентот со едноставно барање, на пример: „Прикажи ги неплатените фактури за 2026 година“ или „Подготви ДДВ-пријава за првиот квартал од 2026 година“.
Анализирајте ја продажбата и преостанатата залиха по модел, боја, големина, бренд, колекција или сезона и препознајте кои артикли се продаваат најбрзо.
Приспособете ги извештаите и прегледите според вашите потреби на малопродажбата, големопродажбата, производството, финансиите и менаџментот.
Поставувајте прашања за продажбата, залихата, фактурите, наплатите или производството и веднаш дојдете до потребните податоци.
Откријте каде вашата компанија може да заштеди време, ресурси и оперативен напор.
Да. Jongis ERP овозможува масовен импорт на производи и нивните карактеристики од пакинг-листи во XLS или CSV формат. Така можете да внесете модели, бои, големини, шифри и баркодови без рачно внесување на секој артикл поединечно.
Да. Артиклите може да се организираат по варијанти и карактеристики како модел, боја, големина, стил, материјал и други параметри. За секоја варијанта може да се следат посебна шифра, баркод и залиха.
Да. Системот овозможува следење на залихата по магацин, продавница, продажно место или друга локација, како и збирен преглед на ниво на целата компанија.
Артиклите може да се групираат и анализираат по сезона, колекција, бренд, категорија и други карактеристики поставени според потребите на компанијата.
Да. POS-продажбата, големопродажните нарачки, магацините и финансиите работат со заеднички податоци. Секоја продажба автоматски се одразува на залихата и прометот.
Да. Производствениот модул поддржува нормативи, материјали, полупроизводи, работни налози, проверка на достапност, реализација, шкарт и пресметка на производната цена.
Да. Е-фактурата се подготвува од податоците што веќе постојат во ERP системот, без повторно внесување на ставки и отварање дупла работа.