ERP ЗА ТЕХНИКА И КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ

Брза продажба и навремена испорака со точна залиха

Забрзајте ги набавките, нарачките и испораките со систем приспособен на работењето на увозниците, големопродажбите и дистрибутерите. Следете ја достапната и резервираната залиха во реално време, секој технички уред по уникатен сериски број и цените и маржите по артикл или купувач. Доколку работите и со малопродажба, онлајн продажба или производство, Jongis ги опфаќа и овие процеси во истото решение - лесно за секојдневно користење и приспособено на начинот на кој работи вашата компанија.

tech and office supplies erp

Точна залиха за широк асортиман

Следете ги достапните и резервираните количества на уреди, додатоци и канцелариски материјали по локација. Лесно управувајте со ситните артикли и пакувањата и навремено надополнувајте ги производите што редовно се нарачуваат.

Автоматизација на нарачки и фактурирање

Креирајте нарачки побрзо со автоматско пополнување на ставките или со преземање на артиклите и количините од претходна нарачка. Од веќе внесените податоци, системот автоматски ги подготвува испратницата, товарниот лист и фактурата.

Следење на сериски броеви

Следете го секој уред од набавката до купувачот. Серискиот број ги поврзува гаранцијата, сервисното досие и продажната историја, го олеснува следењето на залихата и го намалува ризикот од погрешна испорака.

Оптимизирање цени и попусти

Заштитете ја маржата со посебни ценовници, количински попусти и услови за плаќање по комитент. Инстант изработка на понуди врз основа на договорените услови.

Сите продажни канали ја користат истата залиха

Продавате преку веб-продавница, физички продавници или на големо? Jongis ERP ги поврзува сите канали со една заедничка залиха со точност до милисекунда.

Кога ќе се продаде или резервира производ, количината автоматски се намалува во системот. Така секогаш знаете колку производи се достапни во магацин, продавница или на друга локација.

Поставете минимална количина за секој производ. Кога залихата ќе падне под зададеното ниво, Jongis ве известува дека треба да нарачате нови количини.

Вработен проверува точна залиха на техника и канцелариски материјали преку лаптоп.

Брза реализација на големите нарачки

Управувајте со нарачки што опфаќаат повеќе модели, конфигурации и количини, со јасен увид во нивната достапност и статус. Комерцијалистите и магацинот точно знаат што е резервирано, што е подготвено и што останува да се испорача, без доцнења и нецелосни испораки.

Мобилна продажба од терен

Комерцијалистите можат директно кај комитентот да креираат понуди и нарачки, да проверат цени и достапни количини и да пристапат до неговата продажна историја.

Увоз и точна набавна цена

Водете ги увозните фактури во оригиналната валута, со автоматска конверзија во денари. Вклучете ги транспортните, царинските и другите зависни трошоци за да ја добиете реалната набавна цена и очекуваната маржа.

Следење на делумните испораки

Кога целата нарачана количина не е веднаш достапна, испорачајте го делот што е подготвен, а остатокот останува евидентиран како неиспорачан. Системот јасно покажува што е веќе испорачано и што преостанува, сè додека нарачката не биде целосно реализирана.

Брза реализација на големите нарачки

Управувајте со нарачки што опфаќаат повеќе модели, конфигурации и количини, со јасен увид во нивната достапност и статус. Комерцијалистите и магацинот точно знаат што е резервирано, што е подготвено и што останува да се испорача, без доцнења и нецелосни испораки.

Мобилна продажба од терен

Комерцијалистите можат директно кај комитентот да креираат понуди и нарачки, да проверат цени и достапни количини и да пристапат до неговата продажна историја.

Увоз и точна набавна цена

Водете ги увозните фактури во оригиналната валута, со автоматска конверзија во денари. Вклучете ги транспортните, царинските и другите зависни трошоци за да ја добиете реалната набавна цена и очекуваната маржа.

Следење на делумните испораки

Кога целата нарачана количина не е веднаш достапна, испорачајте го делот што е подготвен, а остатокот останува евидентиран како неиспорачан. Системот јасно покажува што е веќе испорачано и што преостанува, сè додека нарачката не биде целосно реализирана.

Точен прием и целосна контрола на секое движење на артиклите

Следете ја техниката, додатоците и канцелариските материјали од приемот од добавувач, преносите и продажбата, до испораката или евентуалниот поврат. Материјалните документи се креираат со еден клик, а секое движење ја ажурира количината, локацијата и вредноста на залихата.

Прием без разлики во количини и цени

Споредете ги пристигнатите со нарачаните модели, количини и цени пред да го потврдите приемот. Разликите остануваат видливи, а примените артикли се евидентираат со точната набавна вредност.

Преноси и резервации по локација

Резервирајте ги потребните артикли за конкретна нарачка и пренесувајте ги меѓу магацини или продавници. Во секое време имате одделен увид во достапните, резервираните и количините што моментално се пренесуваат.

Реална вредност на залихата

Добијте точна количинска и вредносна состојба според просечна набавна цена, FIFO, или друг избран метод. Следете како новите набавни и увозни трошоци влијаат врз вредноста на залихата и очекуваната маржа.

Брза продажба на каса со точна евиденција

Поедноставете ја продажбата на техника и канцелариски материјали со брза наплата и точни податоци за артиклите, цените и достапноста. Овозможете плаќање во готово, со картичка или комбинирано, а секоја издадена сметка веднаш ги ажурира прометот и залихата. Системот може да се интегрира и со вашиот webshop, со што производите, цените и залихите се синхронизираат, а онлајн нарачките автоматски се евидентираат во продажбата.

Сериски број при секоја продажба

При продажбата изберете го серискиот број на уредот што му се предава на купувачот. Тој останува поврзан со сметката, купувачот и гаранцијата, за полесна проверка при поврат или сервис.

Провери и резервирај залиха од друга локација

Кога бараниот модел не е достапен во продавницата, проверете ја залихата во другите магацини или продажни места и резервирајте го за купувачот. Така веднаш можете да дадете точна информација за достапноста и преземањето.

Фискализација и автоматска нивелација

Поврзете го системот со фискалните уреди и автоматизирајте ги ПЛТ, ЕТ, КДФИ и нивелациите при промена на ценовниците, акциите или попустите. Повратите и сторната се евидентираат врз основа на постојната продажна трансакција.

Од компоненти до готов производ со точна цена

Доколку составувате компјутери, конфигурирате техничка опрема или подготвувате канцелариски производи во сетови, Jongis го следи целиот процес во еден систем. Планирајте ги потребните компоненти, следете ја реализацијата и добијте точна производна цена за секој готов производ брзо и лесно.

Работни налози по конфигурација

Креирајте работен налог за конкретна нарачка, модел или конфигурација. Следете што треба да се состави, кои компоненти се потребни и во која фаза се наоѓа подготовката на готовиот производ.

Нормативи за компоненти и сетови

Дефинирајте ги компонентите и количините потребни за секој уред, пакет или канцелариски сет. Зачуваниот норматив повторно се користи, а по потреба лесно се приспособува за различна конфигурација.

Точна производна цена

Евидентирајте ги реално потрошените компоненти и произведените количини. По завршувањето на работниот налог, системот ја пресметува производната цена и го евидентира готовиот производ на залиха.

Финансиско работење поврзано со секоја продажба

Фактурите, малопродажните сметки, увозните калкулации и производните документи директно се користат во финансиското работење. Добијте ажуриран увид во прометот, наплатите, побарувањата, обврските и трошоците, без усогласување податоци од одделни системи.

Наплати, побарувања и обврски

Следете што е наплатено, кои фактури се отворени и кои обврски треба да се подмират. Финансиската состојба е поврзана со продажбата, набавката и останатите деловни документи.

Е-фактура од постојните документи

Подгответе ја е-фактурата од веќе евидентираните податоци за купувачот, артиклите, цените и даноците. Избегнете повторно внесување и намалете го ризикот од грешки при фактурирањето.

Профитабилност по артикл и комитент

Споредете ги приходите, трошоците и остварената маржа по технички уред, група производи, комитент или продажна локација. Препознајте кои производи и клиенти носат најголема вредност за компанијата.

Од деловни податоци до навремени одлуки

Jongis ги претвора податоците од големопродажбата, малопродажбата, веб-продавницата, магацините и финансиите во јасни и ажурирани извештаи. Приспособете го приказот според бренд, модел, група производи, купувач, продажен канал, локација или период.

Продажба по модел и канал

Споредете ја продажбата по модели, брендови и категории од големопродажбата, продавниците и веб-продавницата. Брзо откријте каде е најголемата побарувачка и кои производи постигнуваат најдобри продажни резултати.

Обрт и стареење на залихата

Препознајте ги производите што брзо се продаваат и оние што подолго остануваат на залиха. Навреме планирајте дополнување, пренос на друга локација, промена на цена или продажна акција.

BI извештаи и AI агент

Претворете ги компаниските податоци во јасни визуелни прикази. Следете ги трендовите и промените во продажбата, маржата, трошоците и количините. Ohaio - AI агентот е достапен 24/7 за побрзо пронаоѓање информации и добивање одговори од податоците во системот.

За кои компании е наменето решението?

Увозници и дистрибутери на ИТ опрема

Дистрибутери на мрежна и телекомуникациска опрема

Трговци со потрошувачка електроника

Салони за бела техника и ИТ опрема

Продавници за мобилни телефони и додатоци

Снабдувачи со канцелариски материјали

Производители и составувачи на техничка опрема

Производители на канцелариски производи

Автоматизирајте ги процесите и добијте целосна контрола врз целото работење

Откријте каде вашата компанија може да заштеди време, ресурси и оперативен напор.

Често поставувани прашања

Да. Уникатниот сериски број се евидентира при приемот и го следи уредот низ магацинот, преносите и продажбата. По продажбата останува поврзан со купувачот и документот, што ја олеснува проверката на гаранцијата, сервисната историја и евентуалниот поврат.

За секој производ може да се постават соодветни атрибути, како големина на екран, процесор, меморија, боја, димензии или други технички карактеристики. Тоа овозможува полесна категоризација и побрзо наоѓање на точниот модел.

Да. Секоја продажба, резервација, испорака, пренос или поврат ја ажурира состојбата. Имате одделен увид во достапните, резервираните и количините што се пренесуваат во секој магацин и продажно место.

Да. Jongis може да се интегрира со веб-продавница за синхронизација на производите, цените, залихата и онлајн нарачките. Начинот и опфатот на интеграцијата се утврдуваат според платформата и процесите на компанијата.

Да. Увозните фактури се евидентираат во оригиналната валута, а транспортните, царинските и другите зависни трошоци се вклучуваат во пресметката на точната набавна вредност.

Да. Е-фактурата се подготвува од веќе евидентираните податоци за купувачот, артиклите, цените и даноците, со што се скратува времето за фактурирање и се намалува ризикот од грешки.