Финансии и сметководство

Од трансакција до завршна сметка во помалку чекори

Системот овозможува прецизно водење на финансиските и сметководствените процеси, од евиденција на трансакции и прокнижување, до извештаи, биланси и завршна сметка. Финансискиот тим работи со јасни податоци, без рачни усогласувања од повеќе табели и јасен увид во финансиската состојба на компанијата.

sistem za finansovo rabotenje i smetkovodstvo

Автоматско прокнижување

Материјалните и комерцијалните документи се раскнижуваат според однапред дефинирани шеми, добивајќи конзистентна евиденција низ финансиското работење.

Е-фактура

Е-фактурата е дел од финансискиот процес во системот, овозможувајќи лесна обработка, евиденција и следење на фактурите. Податоците се подготвуваат според правилата за електронско фактурирање и усогласеност со УЈП.

Извештаи врз тековни податоци

ДДВ пријави, биланси, финансиски анализи и извештаи се изготвуваат врз тековни податоци од системот, без дополнителна дообработка и рачно усогласување меѓу различни извори.

AI агент за финансиски увид

AI агентот овозможува брзо пребарување финансиски податоци, отворени фактури, обврски, наплата и извештаи, без рачно пребарување низ повеќе екрани.

Прецизност и контрола во секој финансиски процес

Финансиска структура поставена според вашето работење

Нашето решение овозможува дефинирање на еден или повеќе контни планови за различни индустрии, видови субјекти и начини на организирање. Финансиската структура се поставува според потребите на компанијата, за сметководственото работење да биде прегледно и лесно за управување без дополнителна комплексност.

Мулти контен план

Можност за дефинирање повеќе контни планови и работа со различни сметководствени структури во рамки на истиот систем.

Прилагодено сметководствено водење

Контниот план може да се постави според типот на субјект, индустријата и начинот на финансиско работење на компанијата.

Јасна финансиска основа

Добро поставената финансиска структура овозможува лесно книжење, добра евиденција и квалитетна основа за точни извештаи и анализи.

Финансиска структура поставена според вашето работење

Нашето решение овозможува дефинирање на еден или повеќе контни планови за различни индустрии, видови субјекти и начини на организирање. Финансиската структура се поставува според потребите на компанијата, за сметководственото работење да биде прегледно и лесно за управување без дополнителна комплексност.

Мулти контен план

Можност за дефинирање повеќе контни планови и работа со различни сметководствени структури во рамки на истиот систем.

Прилагодено сметководствено водење

Контниот план може да се постави според типот на субјект, индустријата и начинот на финансиско работење на компанијата.

Јасна финансиска основа

Добро поставената финансиска структура овозможува лесно книжење, добра евиденција и квалитетна основа за точни извештаи и анализи.

Книжење со однапред дефинирани финансиски правила

Смарт трансакциите овозможуваат финансиските записи да се внесуваат со точен тип, вредност, конто и дополнителни димензии уште при самото евидентирање. Наместо секој сличен запис повторно да се обработува рачно, системот користи однапред поставени правила што го насочуваат книжењето според внатрешните правила на компанијата.

Тип и вредност на трансакција

За секој тип трансакција може да се дефинира како се третира вредноста и на кои финансиски податоци се однесува записот.

Конта и димензии

Трансакциите се поврзуваат со соодветни конта и дополнителни димензии, за подоцна полесно да се следат по потребните аналитики.

Помалку повторливо книжење

Кај записи што се повторуваат, однапред поставените правила го намалуваат рачниот внес и помагаат книжењата да се водат по ист принцип.

Финансиски извештаи подготвени според потребите на субјектот

Поставување и генерирање финансиски извештаи според потребите на различни субјекти и начини на сметководствено работење. ДДВ пријави, биланси и завршна сметка се подготвуваат врз основа на податоците во системот, со можност за неограничени поставки и прилагодување на извештаите според реалните потреби на компанијата. На тој начин финансискиот тим добива поконтролирана подготовка на извештаи, без потреба од дополнителна екстерна дообработка.

ДДВ пријави

Подготовка на ДДВ пријави врз основа на евидентираните финансиски податоци во системот. Поставките овозможуваат податоците да се организираат според потребниот формат.

Биланси за завршна сметка

Неограничени поставки за генерирање биланси за завршна сметка. Системот овозможува финансиските податоци да се користат за подготовка на потребните биланси без дополнително префрлање и користење други алатки.

Без екстерна дообработка

Извештаите се подготвуваат со податоци што веќе се дел од финансиското работење, намалувајќи ја потребата од дополнителна обработка надвор од системот и рачно усогласување на различни верзии на податоци.

Финансиски анализи прилагодени на потребите на компанијата

Напредни финансиски анализи по параметри што самите ги дефинирате, без да ја нарушите структурата на контниот план. Финансискиот тим може да ги следи податоците според различни критериуми, да добива подетален увид во работењето и да подготвува анализи што одговараат на реалните потреби на компанијата.

Неограничен број параметри

Дефинирајте параметри според кои сакате да ги анализирате финансиските податоци, без ограничување во начинот на поставување.

Анализа по повеќе критериуми

Детални финансиски прегледи по параметри како сектор, проект, локација, тип на трошок или деловна единица, без потреба да отворате нови конта за секоја анализа. Контниот план останува јасен, а финансиските податоци може да се анализираат според реалните потреби на компанијата.

Податоци за управување

Финансиските анализи му помагаат на раководството да добие појасна слика за работењето и да носи одлуки врз основа на релевантни податоци.

Планирање и контрола на буџети

Системот овозможува дефинирање, планирање и контрола на буџети врз основа на финансиските податоци во системот. Собраните податоци се претвораат во информации за споредба, анализа и подобро следење на финансиските планови.

Дефинирање буџети

Поставете буџети според потребите на компанијата, со јасна структура за следење на планираните финансиски вредности.

План и контрола

Следете како се движат финансиските податоци во однос на поставениот буџет и добијте појасна слика за отстапувањата.

Поддршка за одлуки

Буџетските податоци и финансиските споредби помагаат во анализа, контрола и побрзо носење деловни одлуки.

Пресметка на плати прилагодена на вашето работење

Обработка на плати и Е-ПДД според поставките и потребите на компанијата. Апликацијата е прилагодлива за различни типови и големини на клиенти, со можност за подготовка на податоци, ажурирање на временски менливи податоци, извештаи и обрасци по сопствени поставки.

Пресметка на плати

Подготовка и пресметка на плати според правилата, поставките и структурата на компанијата.

Е-ПДД

Подготовка на податоци и обрасци поврзани со Е-ПДД, како дел од процесот за обработка на плати.

Извештаи и обрасци

Генерирање извештаи и обрасци по сопствени поставки, за полесна проверка, контрола и подготовка на потребната документација.

Прецизно финансиско работење во еден систем

Погледнете како Jongis ги поврзува финансиските процеси и ви овозможува да работите со точни податоци, без дополнителна рачна обработка.

Често поставувани прашања

Да. Финансиското работење во Jongis ERP може да се користи самостојно или како дел од интегриран ERP систем. Доколку компанијата користи и други модули, финансиските податоци може да се поврзат со залиха, комерцијално работење, малопродажба, големопродажба и производство, без паралелно внесување податоци.

Смарт трансакциите овозможуваат финансиските записи да се внесуваат со дефиниран тип, вредност, конта и дополнителни димензии, за попрецизно книжење и следливост.

Да. Системот овозможува дефинирање повеќе контни планови за различни индустрии, видови субјекти или начини на сметководствено водење.

Да. Извештаите се изготвуваат врз податоци од системот, без потреба од дополнителна екстерна дообработка и рачно усогласување меѓу повеќе извори.

Да. Извештаите се изготвуваат врз податоци од системот, без потреба од дополнителна екстерна дообработка и рачно усогласување меѓу повеќе извори.

Не. Финансиското работење во Jongis ERP може да се користи самостојно или како дел од интегриран ERP систем.