Големопродажба и комерција
Заборавете на расфрлани табели, рачни препишувања и барање информации низ различни документи. Jongis ERP е решение за компании што работат со големопродажба и комерција. Податоците се внесуваат само еднаш, документите се поврзани и следливи, а тимовите побрзо доаѓаат до точни информации и имаат поголема контрола во секој чекор.

Понуди, нарачки, испратници, приемници, профактури и фактури се водат во поврзан тек. Податоците се внесуваат еднаш и се користат низ следните документи, без повторно препишување на ставки
Брза и лесна подготовка, испраќање, следење и усогласеност со правилата за електронско фактурирање. Податоците се користат од веќе креираните документи, без одвоена подготовка во друг систем.
Комерцијалното работење може да се поврзе со залихи, производство и финансии, користејќи исти информации низ системот. Без паралелно водење на податоци, без дупли внес и со целосна контрола на процесите.
Комерцијалистите можат да работат на терен преку мобилна апликација: прием на нарачки, проверка на податоци за купувач, креирање документи и увид во потребни информации.
Јасна евиденција за купувачи и комитенти со сите податоци што ви требаат за понуди, нарачки, испратници, фактури, наплата и комуникација. Секој комитент има свое досие во системот, со лесен пристап до податоци, документи и историја на соработка.
Контакти, назив, ЕДБ/ЕМБС, жиро-сметки, адреси, услови за плаќање и поврзани документи се достапни на едно место.
Брза проверка на претходни понуди, нарачки, фактури, набавки или уплати поврзани со конкретен деловен партнер.
Внесете го ЕДБ на новиот комитент за брзо преземање на податоците. Системот автоматски ги повлекува и ги зачувува точните матични информации.
Јасна евиденција за купувачи и комитенти со сите податоци што ви требаат за понуди, нарачки, испратници, фактури, наплата и комуникација. Секој комитент има свое досие во системот, со лесен пристап до податоци, документи и историја на соработка.
Контакти, назив, ЕДБ/ЕМБС, жиро-сметки, адреси, услови за плаќање и поврзани документи се достапни на едно место.
Брза проверка на претходни понуди, нарачки, фактури, набавки или уплати поврзани со конкретен деловен партнер.
Внесете го ЕДБ на новиот комитент за брзо преземање на податоците. Системот автоматски ги повлекува и ги зачувува точните матични информации.
Jongis се поставува според начинот на кој вашата компанија работи со понуди, нарачки, испратници и фактури. Без разлика дали процесот започнува со понуда, директна нарачка или фактура, системот ја следи хронологијата на документите и ја задржува јасната врска меѓу нив.
Ние го конфигурираме системот соодветно за вас дали продажбата ќе оди директно преку нарачка и фактура, или преку подетален тек со понуда, договор, испратница и финален документ.
Секој документ е поврзан со претходниот и следниот чекор, па со еден клик можете да видите од која понуда, нарачка, испратница или фактура започнал процесот.
Кога се креира нарачка од купувач, системот ја резервира стоката за таа продажба, со јасна разлика меѓу физичка и расположлива залиха.
Jongis овозможува јасно следење на големопродажните нарачки од моментот на креирање до нивна испорака и фактурирање. Тимот може да провери кои нарачки се целосно реализирани, кои се делумно испорачани и кои сè уште чекаат следен чекор.
Следете го статусот на секоја нарачка и лесно проверете што е испорачано, што останува за испорака и дали документот е целосно реализиран.
Кога се испорачува само дел од нарачката, системот ја задржува врската со остатокот што треба да се реализира.
При креирање нарачка, системот може да ја резервира стоката за конкретниот купувач, со јасна разлика меѓу физичка и расположлива залиха.
Креирање и следење на големопродажни документи како понуди, нарачки, испратници, профактури и фактури. Податоците се внесуваат еднаш и потоа се користат низ поврзаните документи, со што се превенира рачното препишување.
Со еден клик го гледате нивниот историјат и поврзаност - од каде произлегуваат и каде продолжуваат. Воедно, имате јасен приказ за нивниот статус: дали документот е целосно или делумно реализиран, или пак чека следна акција.“
Повеќе нарачки може да се поврзат во една испратница, или повеќе испратници во една фактура, според договорениот начин на работа со купувачот или партнерот.
Дирекно испраќање фактури, понуди и други документи од системот, овозможувајќи лесна и прегледна комуникација со деловните партнери.
За компании што работат со увоз, Jongis овозможува евиденција на девизни фактури и пресметка на реална набавна цена по артикл. Покрај вредноста од фактурата, во калкулацијата може да се вклучат транспорт, царина, осигурување, шпедиција и други трошоци поврзани со увозот, за да се добие точна слика колку навистина чини секој увезен артикл.
Внесете ја фактурата во оригинална валута, како EUR, USD или друга валута. Системот автоматски ја пресметува денарската противвредност според курсот што се користи во калкулацијата.
Дополнителните трошоци може да се распределат по артикли според вредност, количина, тежина, волумен или друг параметар, за пресметката да ја одрази реалната набавна цена на секој производ.
По завршување на девизната калкулација, системот ја формира набавната односно магацинската цена на артиклите и ја користи како основа за понатамошна евиденција, контрола на маржа и продажни цени.
Флексибилно поставување на ценовници, рабати и комерцијални услови според начинот на кој работите со купувачи, добавувачи и групи партнери. Се дефинираат редовни цени, специјални цени за одреден партнер, акциски ценовници за одреден период или рабати според количина. При креирање на документ, системот ги применува поставените правила, без рачна проверка на договорените цени и услови.
Поставете основен ценовник, ценовници по купувач, добавувач, група партнери или период, во зависност од тоа како ги договарате цените. При креирање на документ, системот ја користи соодветната цена според поставените правила.
Дефинирајте рабати за конкретни купувачи, акциски периоди или количини. На пример, може да поставите различен рабат за нарачки над 10, 50 или 100 парчиња, а системот автоматски го применува кога се исполнети условите.
Следете договорени комерцијални услови по купувач, како посебни цени, рабати, рокови за плаќање или услови поврзани со количина и период. При креирање документ, системот ги користи поставените правила без рачна проверка.
Jongis овозможува комерцијалните податоци да се претворат во јасни извештаи, прегледи и визуелизации за следење на резултатите и работењето. Наместо да се анализираат само поединечни документи, тимот може да гледа трендови, споредби, отстапувања и резултати по купувачи, добавувачи, артикли, периоди или други параметри важни за компанијата.
Креирајте извештаи според потребите на корисниците, со филтри по партнер, артикл, документ, период, група или друг комерцијален параметар. Секој корисник може да работи со прегледи што му се важни за неговото секојдневно работење.
Претворете ги комерцијалните податоци во графикони, табели и прегледи што помагаат побрзо да се забележат трендови, промени во набавки и продажба, однесување на партнери или отстапувања од очекуваните резултати.
Поставете прашање за купувач, добавувач, документ, период или комерцијален резултат - AI агентот помага веднаш да се дојде до соодветен одговор врз основа на податоците во системот.
Со Jongis, e-фактурата се надоврзува на веќе креираните документи во големопродажбата и комерцијалното работење. Податоците за купувачот, артиклите, цените, рабатите и фактурите се користат од истиот систем, без повторно внесување и без паралелна обработка. Така фактурирањето станува брзо, прецизно, прегледно и лесно за управување.

Дознајте како Jongis може да ви помогне да заштедите време, да намалите грешки и да добиете целосна прегледност во големопродажбата и комерцијалното работење.
Да. Во Jongis може да се водат досиеја за купувачи, комитенти и добавувачи, со контакти, адреси, документи, услови, ценовници и историја на соработка достапни на едно место.
Да. За секој купувач, комитент или добавувач може да се прегледаат поврзани документи како понуди, нарачки, испратници, приемници, фактури и уплати, за полесна проверка на целата соработка.
Да. Jongis овозможува работа со девизни фактури, распределба на зависни трошоци и пресметка на реална набавна цена при увоз од странство. Ова е особено корисно за компании што работат со увоз и сакаат подобра контрола на набавната цена и маржата.
Да. Влезните фактури може да се поврзат со нарачки и приемници, за полесна проверка дали фактурираните количини, цени и примената стока одговараат на договореното.
Да. Комерцијалното работење може да се користи самостојно или како дел од интегриран ERP систем, со можност за поврзување со залихи, производство и финансии.
Да. Излезните фактури се дел од интегриран процес со е-фактура, при што податоците се користат од веќе креираните документи, без одвоена подготовка во друг систем.