Материјално работење

Целосна контрола на залихата за секој тип компанија

Управувајте со залихите, производите, нарачките и магацинските процеси во еден систем. Без разлика дали сте мала компанија или компанија со повеќе локации, Jongis ви помага точно да ја следите состојбата на артиклите, нивниот влез и излез, точната вредност на залихата, како и да ги прилагодите шифрарниците според начинот на работа на вашата компанија.

Materijalno rabotenje inventory management

Точна залиха во реално време

При продажба, прием, пренос, испорака или попис, системот ја ажурира залихата и секоја промена во магацинот, без простор за грешка.

Брзо пребарување и пренос

Лесно лоцирајте и пренесете артикли меѓу магацини или продажни места, со еднократен внес на податоци.

Дел од интегриран систем

Материјалното работење може да работи самостојно или како дел од целосен ERP систем. По потреба, залихите, продажбата, набавката, финансиите и производството користат еден извор на податоци, без потреба од дупли внес.

Прилагодување на артикли

Дефинирајте карактеристики на артиклите според потребите на вашата компанија. Флексибилно поставување на податоци, шифрарници и групирања прилагодени на начинот на кој работите.

Сè што ѝ треба на вашата компанија за управување на артикли

Организирана евиденција на артикли

Со нашето решение артиклите ги организирате во јасна и прегледна евиденција, со сите податоци што ви се потребни за лесно секојдневно работење: шифри, баркодови, слики, лотови, рок на траење, производител и следливост на артиклите по производители.

Шифри и баркодови

Секој артикл има своја шифра, ЕАН код или повеќе баркодови за секоја варијанта на артиклот. Артиклите може да се организираат по групи, подгрупи и други карактеристики според начинот на работа на компанијата.

Варијанти на артикли

За артикли со повеќе бои, големини, пакувања, модели или други карактеристики Jongis ви овозможува јасна евиденција и точна залиха по секоја варијанта на артиклот.

Единици мерки и пакувања

За секој артикл може да се дефинира една или повеќе единици мерки како литар, метар, м², парче, кутија или пакување, со автоматска конверзија при прием, продажба и пренос.

Организирана евиденција на артикли

Со нашето решение артиклите ги организирате во јасна и прегледна евиденција, со сите податоци што ви се потребни за лесно секојдневно работење: шифри, баркодови, слики, лотови, рок на траење, производител и следливост на артиклите по производители.

Шифри и баркодови

Секој артикл има своја шифра, ЕАН код или повеќе баркодови за секоја варијанта на артиклот. Артиклите може да се организираат по групи, подгрупи и други карактеристики според начинот на работа на компанијата.

Варијанти на артикли

За артикли со повеќе бои, големини, пакувања, модели или други карактеристики Jongis ви овозможува јасна евиденција и точна залиха по секоја варијанта на артиклот.

Единици мерки и пакувања

За секој артикл може да се дефинира една или повеќе единици мерки како литар, метар, м², парче, кутија или пакување, со автоматска конверзија при прием, продажба и пренос.

Точна залиха во секој момент

За компании со една или повеќе локации, Jongis овозможува едноставно следење и распределба на залихите. Од нарачка кон добавувач, прием во магацин или продавница, трансфер на артикли меѓу локации, до издавање на артикли до купувачи, процесите се водат брзо и прегледно. Системот овозможува пристап до податоци според работна позиција, како и импорт на ставки од .XLS за заштеда на време при внес. На тој начин се намалуваат кусок и вишок во евиденција на залихи и губење време на консолидирање.

Една залиха за сите канали

Залихата се ажурира во истиот момент од секоја нарачка и продажба од малопродажба, големопродажба, web-shop или комбинирана продажба.

Достапна и резервирана количина

Разликувајте која количина е слободна за продажба, а која е веќе резервирана за испорака. Системот овозможува јасна и точна слика за достапната залиха.

Контролиран пристап до податоци

Секој корисник гледа и работи само со податоците, магацините и продажните места за кои има доделен пристап. Така компанијата има поголема контрола врз работата и помал ризик од грешки.

Целосна контрола врз секое движење на робата

Од моментот кога робата влегува во магацин, до преносот меѓу локации и испораката кон купувач, Jongis ја следи и евидентира секоја промена. Податоците се внесуваат еднаш, а системот автоматски креира поврзани документи како испратница, товарен лист, приемница, девизна калкулација и фактура. За секој артикл останува јасна историја на движење, без губење време и филтрирање низ илјадници извештаи за да се најдат точните податоци. Дополнително, системот овозможува сетирање различни деловни процеси согласно организациската поставеност во вашата компанија.

Автоматски прием поврзан со нарачка

При прием од домашен или странски добавувач, системот ја споредува пристигнатата роба со креираната нарачка. Системот известува за разлики меѓу нарачана и испорачана количина или цена.

Интерен пренос со еден клик

Едноставно испраќање на роба помеѓу магацини, продавници или други локации. Локацијата што ја испраќа робата го внесува преносот, а дестинацијата ја потврдува состојбата со само еден клик. Преноси и повратници се водат без комплицирани процедури.

Работа од мобилни уреди

Jongis овозможува менаџирање на магацинските процеси преку мобилна апликација. Корисниците можат да креираат нарачки, испратници и пописи преку мобилен уред, со податоци поврзани со системот.

Магацинското работење поставено според вашиот начин на работење

Креирајте неограничен број магацини и локации, како продавница, погон, сервис или друг тип локација, според тоа како е организирана вашата компанија. Jongis овозможува лесно следење и пребарување на залихи индивидуално по локација или на ниво на цела компанија. Системот поддржува конфигурирање на header-и и наслови во документи, како и можност за ограничување на негативни залихи во магацин.

Вреднување на залиха

Следете ја вредноста на залихата според просечна набавна цена, FIFO, LIFO и други методи согласно сметководствените потреби на компанијата. Системот овозможува преглед на тоа колку чини залихата, со можност за работа со цени со ДДВ или без ДДВ.

Минимална залиха

Поставете критични количини на залиха за секој артикл по магацин или продавница. Кога количината ќе падне под минимум, системот ви сигнализира дека е потребно надополнување и овозможува брзо да продолжите кон набавка.

Наменски виртуелни магацини

Креирајте виртуелен магацин по ваш избор, како „Карантин магацин“ или „Роба на пат“, за одделно следење на роба што не треба да се продава или моментално се движи меѓу локации.

Business Intelligence за целосен увид во работењето

Следете што има на залиха, како се движи робата и што треба да се провери или надополни преку извештаи прилагодени на потребите на корисниците. Извештаите се customizable, па секој корисник може лесно да ги прилагодува според своите потреби, без да го наруши прегледот на другите корисници. Системот овозможува неограничен број филтри според карактеристики, групи, подгрупи, производители, добавувачи, лотови и други параметри.

Движење на залиха и вредност

Брза и лесна проверка на моментална состојба, лагер листа, материјална картица и историја на движење по артикл, магацин или период.

Business Intelligence визуелизација

Претворете ги податоците од магацинското работење во јасни визуелни графикони и прикази. BI извештаите помагаат лесно да се забележат трендови, движења, отстапувања и нови можности за подобра контрола на залихата.

Ohaio - AI

Поставете прашање за залиха, артикл, магацин или движење на роба, а AI агентот одговара врз основа на податоците во системот. Со можност за брзо генерирање извештаи.

Материјално работење компатибилно за различни индустрии

Храна и пијалаци

Облека и обувки

Градежни материјали и алати

Фармација и медицински помагала

Техника и канцелариски материјали

Агенции, услуги и останато

Финансии и сметководство

Здравствени установи

Елиминирајте ги разликите во залиха и добијте прецизна контрола на магацинското работење

Често поставувани прашања

Материјалното работење опфаќа евиденција на артикли, залиха, магацини, прием на роба, пренос помеѓу локации, испорака, поврат, попис и извештаи за движење на роба.

Да. Jongis ERP овозможува следење на залиха по магацин, продавница, продажно место или друга локација, со можност за додавање неограничен број магацини и локации, и со јасен преглед каде се наоѓа секој артикл.

Да. За артикли што бараат поголема контрола, Jongis ERP може да следи лотови, серии и рокови на траење, што е важно за храна, пијалаци, фармација, козметика и слични индустрии.

Може да добиете извештаи за состојба на залиха, движење на артикли, вредност на залиха, залиха по магацин, артикли со мала количина и податоци што помагаат при набавка и контрола.