Производствен систем

Целосна контрола врз производството - од суровина до готов производ

Jongis го поврзува производствениот процес во еден систем - од рецептури и работни налози, до потрошени материјали, готов производ и производна цена. Избегнете непланирани трошоци и добијте јасен увид што се произведува, што се троши и колку реално ве чини секој производ.

proizvodstvo-manufacturing-jongis

Прецизно управување со производство

Од планирање и работен налог до готов производ, со јасни статуси, точни количини и контрола врз секоја фаза од процесот.

Автоматски материјални документи

При реализација на производството, системот автоматски креира издатница за потрошени материјали и приемница од производство, врз основа на работниот налог, нормативот и произведените количини.

Точна производна цена

Производната цена се пресметува врз основа на суровини, нормативи, шкарт, работни операции, оператори и дополнителни трошоци, за точна основа при формирање продажна цена и контрола на маржа.

Мобилно работење во погон

Операторите имаат можност да процесираат работни налози директно во производствениот погон преку мобилна апликација.

Клучни функционалности што го водат целото производството

Точно знаете што е потребно за секој производ

За секој готов производ еднаш се дефинираат потребните суровини, материјали, компоненти, полупроизводи и количини за производство. Потоа системот автоматски ги користи овие податоци секогаш кога се креира работен налог за тој производ - за пресметка на потребни материјали, кало, шкарт, производна цена и подготовка на производството.

Состав на производ

Дефинирајте што точно влегува во секој производ - суровини, материјали, компоненти, полупроизводи и количини потребни за производство на една единица.

Кало, шкарт и отпад

Во нормативот може да се дефинира отпад или шкарт, за системот автоматски да пресмета пореална потреба од материјали при производство.

Полупроизводи

Кога еден производ содржи полупроизвод, системот автоматски ги пресметува и материјалите потребни за тој полупроизвод, за да добиете точна вкупна потреба од суровини.

Точно знаете што е потребно за секој производ

За секој готов производ еднаш се дефинираат потребните суровини, материјали, компоненти, полупроизводи и количини за производство. Потоа системот автоматски ги користи овие податоци секогаш кога се креира работен налог за тој производ - за пресметка на потребни материјали, кало, шкарт, производна цена и подготовка на производството.

Состав на производ

Дефинирајте што точно влегува во секој производ - суровини, материјали, компоненти, полупроизводи и количини потребни за производство на една единица.

Кало, шкарт и отпад

Во нормативот може да се дефинира отпад или шкарт, за системот автоматски да пресмета пореална потреба од материјали при производство.

Полупроизводи

Кога еден производ содржи полупроизвод, системот автоматски ги пресметува и материјалите потребни за тој полупроизвод, за да добиете точна вкупна потреба од суровини.

Секогаш знаете што се произведува и до каде е производството

Работниот налог покажува што треба да се произведе, во која количина, за кој купувач или серија, со кои материјали, кој оператор е задолжен и до кога треба да биде готово. Наместо производството да се следи преку телефонски проверки, табели или усни информации од погон, секој налог има јасен статус, одговорно лице и поврзани податоци во системот.

Налог од продажна нарачка

Кога производството започнува од нарачка на купувач, работниот налог може дирекно да се поврзе со таа нарачка. Добивате следливост од барањето на клиентот до готовиот производ.

Статус на работен налог

За секој работен налог може да се назначи оператор и да се следи неговиот статус - во припрема, планиран, во тек, делумно реализиран или целосно завршен. Така полесно се гледа кој е одговорен, каде има застој и што треба прво да се заврши.

Повеќе активни налози

Кога истовремено се работат повеќе производи или нарачки, системот ги следи одделно - со количини, рокови, материјали, оператори и реализација за секој налог.

Проверете дали имате сè што е потребно пред да започне производството

Пред да се пушти работниот налог во производство, системот проверува дали има доволно суровини, материјали и полупроизводи според дефинираниот норматив. Така навреме се гледа што недостасува, што треба да се побара од магацин и дали треба да се креира дополнителен налог за полупроизвод.

Проверка на расположивост

Системот автоматски проверува дали потребните суровини и материјали се достапни на залиха, пред производството да започне.

Потребни и недостигнати количини

Веднаш се гледа колку материјал е потребен за планираното производство, колку има на залиха и колку недостасува.

Требување и директна нарачка

Кога недостасуваат материјали, од работниот налог може да се креира требување кон магацин, а по потреба и директна нарачка кон добавувач, без повторно внесување на истите податоци.

Производството автоматски се поврзува со магацинската евиденција

Кога работниот налог се реализира, системот автоматски ги креира потребните материјални документи. Потрошените материјали се раздолжуваат од магацин, а произведените количини се примаат како готов производ. Така производството и залихата остануваат усогласени без дополнителен рачен внес.

Автоматска издатница на материјали

При реализација на производството, системот автоматски креира издатница за потрошените суровини и материјали според работниот налог, нормативот и реално произведените количини.

Приемница од производство

Произведените количини автоматски се преземаат во приемница од производство и влегуваат на залиха како готов производ со производна цена.

Делумна реализација

Ако не е произведена планирана количина, системот ја следи реализираната количина и остатокот што останува за производство. Налогот може да остане отворен за следна реализација или да се затвори како завршен.

Реален трошок за секој производ

Системот ја пресметува производната цена врз основа на податоците од нормативот и работниот налог, земајќи ги во предвид суровините, материјалите, работните операции, времето за изработка, операторите и останатите трошоци.

Трошоци на материјали

Системот ги пресметува трошоците на суровините и материјалите што се користат во производството, според нормативот, количините и реализацијата на работниот налог.

Работни операции и оператори

Во производната цена може да се вклучат трошоци за работни операции, време на изработка и оператори, за да се добие пореална слика за вкупниот трошок на производството.

Цена на чинење и маржа

Производната цена на чинење се користи како основа за правилно формирање продажна цена, контрола на маржа и подобра проценка дали производот реално се исплати.

Флексибилност кога реалното производство се разликува од планот

Работниот налог може да се прилагоди според конкретната ситуација во производство, без промена на основниот норматив. Така имате контрола кога треба да се замени материјал, да се додаде нова компонента или да се пресмета различен трошок за операција или оператор.

Замена на компонента

Кога одреден материјал не е достапен или се користи алтернатива, компонентата може да се замени директно во работниот налог, без промена на основната рецептура.

Додавање нов материјал

Во конкретен работен налог може да се додаде материјал или компонента што не е дел од оригиналниот норматив, за да се евидентира реалната потрошувачка.

Различни операции и трошоци

По налог може да се внесат различни работни операции, оператори, време и трошоци, за производната цена да ја одрази реалната изработка.

Увид каде производството оди според план, а каде има отстапување

Jongis ви дава јасен преглед на резултатите од производството во секое време. Преглед за: што и колку е произведено, колку материјал е потрошен, кои налози имаат отстапување, доцнење, поголема потрошувачка или незавршена реализација.

Планирано наспроти реално

Споредете ја планираната потрошувачка од нормативот со реално потрошените материјали по работен налог, за да откриете отстапувања, загуби или непланирани трошоци.

Извештаи по производ и налог

Следете резултати по производ, работен налог, период или производствена серија, за полесно да видите што се произведува добро, што троши повеќе и каде има простор за подобрување.

Мобилно работење во погон

Операторите можат да внесуваат реализација директно од преку мобилна апликација, за податоците веднаш да стигнат во системот без дополнителен административен внес.

Со Jongis - без импровизација во производството

Дознајте како може да ги намалите трошоците и оптимално да ги искористите ресурсите во производството.

Често поставувани прашања

Бидејќи производството не треба да се води на претпоставки, табели и усни информации од погон. Jongis ви дава јасен увид што се произведува, кои материјали се потребни, што е потрошено, кои налози доцнат и колку реално ве чини готовиот производ. Така полесно ги намалувате застојите, рачните грешки и непланираните трошоци.

Да. Врз основа на рецептурата или нормативот, системот автоматски пресметува кои суровини, материјали, компоненти и полупроизводи се потребни за планираната количина. Веднаш се гледа што има на залиха и што недостасува пред да започне производството.

Кога недостасуваат материјали, системот тоа го прикажува навремено. Од работниот налог може да се креира требување кон магацин или директна нарачка за потребните количини, без повторно внесување на истите податоци.

Да. Секој работен налог може да се следи по статус, количина, рок, оператор, реализација и поврзани документи. Може да се види што е планирано, што е произведено, што останува за реализација и дали има отстапување меѓу планираната и реалната потрошувачка.

Да. Производствениот модул може да се користи самостојно, но најголема вредност дава кога е поврзан со останатите делови од Jongis ERP - залихи, магацинско работење, набавка, продажба и финансии. Така податоците од рецептури, работни налози, материјали, готови производи и производна цена се користат низ целиот систем, без дупли внес.