Малопродажба
Лесен за употреба, брза услуга за купувачите, вградени попусти, лојалти програми и следење на профит. Почнете едноставно, растете без граници.

Артиклите се додаваат преку пребарување по шифра, име, варијанта или баркод, со можност за touch screen избор за побрза работа на каса.
Со секоја продажба, во истиот момент залихата се ажурира, а корисниците можат да проверат состојба по продавници, артикли и варијанти.
Можност за временски попусти, попусти по артикл, производител, тип артикл и loyalty картички според однапред поставени правила.
POS апликацијата може да работи и без интернет, а сметките подоцна се синхронизираат со ERP системот кога врската ќе биде достапна.
Jongis Point of Sale (PoS) овозможува брза продажба преку интуитивен интерфејс прилагоден за касиери. Артиклите се продаваат преку скенирање, клик на TouchScreen со слика на производ или smart пребарување по име, шифра, опис и други карактеристики на артикл. Системот е cross-platform, работи на Windows, Linux и macOS, поддржува offline mode и може да се користи со сите видови фискални апарати.
Повеќе видови наплата - кеш, картица, gift card, или комбинирана наплата. Работа со сите видови фискални апарати, без дополнителни алатки.
Брза проверка на залиха по продавници и магацини. Со приспособени категории и филтри може да ги следите производите онака како што ви одговара.
Интеграција со повеќе видови PoS терминали, за заштеда на време при наплата со картички.
Jongis Point of Sale (PoS) овозможува брза продажба преку интуитивен интерфејс прилагоден за касиери. Артиклите се продаваат преку скенирање, клик на TouchScreen со слика на производ или smart пребарување по име, шифра, опис и други карактеристики на артикл. Системот е cross-platform, работи на Windows, Linux и macOS, поддржува offline mode и може да се користи со сите видови фискални апарати.
Повеќе видови наплата - кеш, картица, gift card, или комбинирана наплата. Работа со сите видови фискални апарати, без дополнителни алатки.
Брза проверка на залиха по продавници и магацини. Со приспособени категории и филтри може да ги следите производите онака како што ви одговара.
Интеграција со повеќе видови PoS терминали, за заштеда на време при наплата со картички.
Брза проверка на достапност на артикли во продавници и магацини по различни параметри. Кога артиклот ќе се продаде, состојбата автоматски се ажурира во системот, а вработените во секој момент имаат точна слика што е достапно на секоја локација. Повеќе детали за следење залихи на страната за материјално работење.
Проверете достапност на артикли по продавница, магацин, продажно место, шифра, баркод или назив директно од системот.
Без разлика дали продажбата е преку каса, големопродажба или е-продавница, залихата се ажурира веднаш во истиот систем.
Алгоритам за smart нарачки за надополнување на залихите, врз основа на трендот на продажба и моменталната состојба на залихата, со количини што одговараат на реалните потреби.
Jongis PoS овозможува флексибилно поставување и примена на попусти и акциски цени во малопродажба. Попустите може да се дефинираат според артикл, група на артикли, производител, купувач, период или други услови
Во системот може да се постават неограничен број попусти и акциски правила, според различни услови, артикли, групи на артикли, производители, тагови, купувачи или периоди
Акциски цени кои важат за одреден временски период, без потреба од рачно менување на цените на каса.
Управувајте со loyalty картички за редовни купувачи со попусти, поени и поволности според правилата на вашата loyalty програма.
Jongis POS го поддржува касовното работење според законските барања за малопродажба, со поврзување со фискални уреди, евиденција на потребните документи и правилна примена на продажните цени. Продажбата, фискалните сметки, промените на цени и дневното работење се јасно евидентирани и усогласени со регулативата, без потреба од дополнителни рачни евиденции.
Поддршка за потребните фискални евиденции и документи поврзани со законската регулатива. Системот овозможува правилно водење на податоците што се важни за малопродажното работење.
Jongis POS се поврзува со сите типови фискални принтери и уреди, за продажбата на каса да биде директно поврзана со фискалното издавање на сметки и дневното работење.
Следење и евиденција на промени во продажните цени, со јасна контрола кога и каде се применуваат. Со автоматско генерирање на нивелации, корисниците не губат време на рачно усогласување на состојби.
Jongis ги претвора податоците од секојдневната продажба во прегледни информации за носење одлуки. Наместо рачно собирање податоци од каси, смени и продавници, се добива јасна слика за работењето, трендовите и отстапувањата.
Автоматски дневни финансиски извештаи, КДФИ и рекапитулар по видови наплата за полесна контрола и примопредаја меѓу смени.
Следење на промет по период, артикл, купувач, вработен или продажно место, со јасен увид во продажбата и најпродаваните производи.
Преглед на нивелации, попис, кусок, вишок и состојба по продавница, за полесно откривање разлики и навремена реакција.
Погледнете како Jongis PoS овозможува брза продажба, ефикасна работа и поголема продуктивност.
Jongis POS овозможува брзо додавање артикли преку шифра, име, варијанта, баркод скенирање или touch screen избор со тагови и категории. Така касиерите работат побрзо, а времето за пронаоѓање и наплата на артикли се намалува.
Да. При секоја продажба, залихата автоматски се намалува во системот. Продавницата, магацинот и менаџментот работат со иста состојба, без дополнително рачно ажурирање по завршена сметка.
Jongis POS може да работи и во офлајн режим. Продажбата може да продолжи, а сметките подоцна се проверуваат и пренесуваат во ERP системот кога комуникацијата повторно ќе биде достапна.
Попустите може да се постават по артикл, производител, тип артикл, времен период или преку loyalty картичка. Кога условите се исполнети, системот автоматски го применува соодветниот попуст при продажба.
Loyalty картичката се вчитува при наплата, по што системот ги применува попустите поврзани со картичката. Дополнително, може да се собираат поени според однапред дефинирани правила.
Да. Корисникот може да провери состојба за избран артикл по продавници, магацини, варијанти, големини, бои или други атрибути. Ова помага кога купувач бара артикл што не е достапен на конкретната локација, но го има на друго место.
Во POS апликацијата може да се листаат сметки по период, тип и статус, како и да се направи сторно кога е потребно. Ова помага при корекции, проверки и контрола на сметки со проблем при печатење или трансфер.
Системот поддржува контролен, дневен и периодичен фискален извештај, како и дополнителни извештаи за промет, сторно, видови наплата, ЕТ, КДФИ и сметководствена евиденција.
Jongis POS е дел од поширокиот Jongis ERP систем. Продажбата на каса е поврзана со артикли, баркодови, ценовници, попусти, магацинска евиденција, финансии и извештаи.
Jongis POS се поставува според начинот на кој работи вашата продавница: артикли, каси, фискални уреди, попусти, loyalty правила, магацини, извештаи и продажни места. Најдобар начин да проверите дали одговара е преку консултација со нашиот тим.