Систем за управување со отпад

 

По повеќе месечна анализа на деловните трендови, Јонгис на почетокот на 2022 год. почна да работи на иницијален план за развој на Систем за управување со отпад. Како можност за кофинансирање на овој проект беше идентификуван и објавениот јавен повик од страна на ФИТР за комерцијализација на иновации во 2022 год. Во месец август 2022 год. Јонгис потпиша договор со Фондот за Иновации и Технолошки развој (ФИТР) за кофинансирање на проектот Систем за управување со отпад. Очекуваме овој проект да даде огромен придонес во подигнувањето на еко-свеста на компаниите и да им овозможи на истите да преземат чекори за заштита на животната средина. Системот ќе содржи алатки и функционалности кои ќе им помогнат на компании од областа на производство, малопродажба, големопродажба, угостителство и сл. полесно да ги следат ефектите врз животната средина од нивното оперативно работење. Со помош на системот вработените во организацијата при секојдневното работење во деловните апликации неинвазивно ќе се информираат за отпадот што произлегува од секоја нарачка, продажба, логистички или производствен процес кој го остваруваат. Целта е крајните корисници да добијат паметна анализа на информациите за отпадот кој произлегува од деловните процеси во работната средина, како и можности за подобрување на практиките за управување со отпад и усогласување со законот за животна средина.