Bridges – за современо образование
Денес голем број институции за високо образование, бараат решенија за справување со широкиот спектар од побарувачки задачи како: правилно вреднување на новостекнатите квалификации, навремено оценување на трудовите, интегрирање на бодовите од сите наставни активности, колоквиуми и испити, евидентирање на присутност на студенти и кадри по наставни активности, ажурирање на распореди, транспарентно и навремено информирање на субјектите вклучени во образовниот систем, справување со масивни библиотеки итн.
За ефективно оствравуање на овие задачи во извонредно сложени и динамични услови на работење, неопходно е да се постави современ, сигурен и безбеден информациски систем кој ќе овозможи непрекинато и ефикасно извршување на сите процеси во и надвор од образовните институции.
Bridges претставува комплетно интегриран ИТ систем кој ги исполнува горенаведените барања и овозможува ефективно менаџирање на административните процеси и студентските податоци во институциите за високо образование.