Имплементација

Развој на современи решенија е само дел од работата на Јонгис, нашите експерти за имплементација ќе се погрижат новиот систем да биде подготвен и ефективно ставен во употреба низ целата ваша организација во најкус можен рок, овозможувајќи непрекинат тек на вашите работни процеси.

Јонгис со услугите за имплементација ви овозможува:

  • Прилагодување и конфигурирање на Јонгис решението за потребите на вашата организација
  • Трансфер на старите податоци во вашиот нов систем
  • Одржување и надградба на системот без прекин на работните процеси во компанијата
  • Инсталација и конфигурирање на сервери и друг хардвер
  • Поставување и конфигурирање мрежа и мрежни уреди

Обука

Јонгис ќе овозможи обука за секој корисник за кого е потребна, така вашата компанија ќе може брзо и лесно да се прилагоди на работењето со апликациите на Јонгис. Ние нудиме индивидуална обука, обука за групи, обука за супер администратор итн.
Оваа услуга доаѓа без дополнителни трошоци за сите клиенти на нашите бизнис решенија.

Поддршка

Испораката на функционално ИТ решение има мала вредност без соодветна поддршка.
Тимот за поддршка на Јонгис се состои од стручни лица кои се задолжени брзо да ги одговорат вашите прашања или да ви помогнат со вашиот проблем.
Дали по телефон, интернет пристап или на лице место, нашиот тим е на располагање 24/7 за да испорача исклучително искуство на нашите клиенти.

*24/7 поддршката е достапна само за клиентите на специфирани бизнис решенија од Јонгис.

Консалтинг

Јонгис нуди разни консултантски услуги вклучувајќи ИТ консултации, бизнис консалтинг, консултации за сметководство, стратегиски консалтинг, планирање на ресурси итн.
Низ годините консултантски услуги на Јонгис им помагаат на голем број мали и средни бизниси, од различни индустрии, за зголемување на нивната ефикасност и поттикнување на нивниот развој.

Компјутерски сервис и поправки

Јонгис поседува и управува со комплетно опремен сервис департман, со користење на најнови технологии нашиот тим од стручни лица е оспособен брзо и квалитетно да ги услужи клиентите.

Јонгис сервисот може да ви помогне со:

  • Дефект на компјутер или лаптоп, промена на делови, надградби
  • Решенија за лаптоп: скршен екран, промена на чип, оштетена батерија, промена на тастатура итн.
  • Софтверски и оперативни грешки, отстранување на вируси, бекап на податоци, инсталација на драјвери
  • Конфигурација на принтери, мрежни уреди и друг компјутерски хардвер

Дознај повеќе за нашите услуги и решенија