За Нас

Јонгис е компанија во приватна сопственост, формирана во 1991 во Охрид, Македонија. Од своето основање компанијата нуди софтверски и хардверски решенија и услуги за здравствени установи, институции за високо образование, мали и средни претпријатија и корпорации на пазарот во Македонија и регионот.

Низ годините Јонгис има развиено софтверски решенија кои ги користат голем број компании во различни индустриски сектори, вклучувајќи: производство, здравство, угостителство, образование, малопродажба, големопродажба и дистрибуција итн.
Портфолиото на Јонгис го сочинуваат апликации и софтвер меѓу кои спаѓаат и следниве: системи за здравствени установи HIS, финансии, хотел менаџмент, човечки ресурси и плати, Point of Sale (системи за продажба), систем за менаџирање на материјали, ERP, Bridges (систем за менаџирање на сите работни процеси кај универзитетите) итн. Со почетокот на Јонгис Медикал проектот компанијата својот главен фокус го постави на развој и имплементација на софистицирани решенија за здравствени установи, кои ќе помогнат да се зголеми квалитетот на здравствена нега и да се зголеми ефикасноста на ниво на целата институција.

Јонгис исто така поседува и управува со центар за малопродажба на компјутери и хардверска опрема, и нуди одржување и сервис за истите. Седиштето на компанијата се наоѓа во Охрид и се состои од центар за развoj на софтвер, продавница за компјутерска опрема, департман за продажба, департман за сметководство и финансии, оддел за техничка поддршка и сервисирање на хардверска опрема.
Јонгис има и претставништво во Скопје, кое моментално се состои од департмани за продажба и корисничка поддршка, исто така компанијата е во процес на основање центар за развивање софтвер на истата локација.

*За повеќе информации за нашите производи и услуги можете да не контактирате тука.

Клиенти

laki hotel ohrid
erp app client
atva residence hotel macedonia

Повеќе од 1000 клиенти

22 години искуство во развој на бизнис решенија

Повеќе од 50.000 луѓе

ги користат апликациите на Јонгис