Современо решение за подобро здравство
Јонгис Медикал претставува cloud базирана платформа која им овозможува на клиентите софистицирање на работните процеси во нивните здравствени установи, практично организирање на информациите за пациентите и нивните здравствени досиеја, и подобрување на целокупната ефикасност на ниво на целата здравствена организација. Нашиот тим соработуваше со одредени болници за да развие безбеден систем за електронска здравствена евиденција кој ќе ги содржи сите потребни функции но сепак ќе биде едноставен за употреба за сите корисници.
Платформата е составена од неколку целосно интегрирани елементи меѓу кои: комплетен клинички систем, материјална евиденција на лекови и медицински материјали, пресметки, финансии и апликација за анализа. Секоја компонента од платформата е изградена од сржта специфично според потребите на здравствените установи а не со адаптиција на постоечки сеопфатни решенија.
Системот овозможува јасна слика на сите работни процеси на установата и доставува релевантни информации до луѓето кои најдобро може да ги применат за бенефит на пациентите и установата.
Јонгис Медикал ги поврзува сите клинички и оперативни аспекти во здравствените установи со крајна цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги и зголемување на ефикасноста на сите организациски нивоа.