Обезбедете оптимално искуство за вашите гости

Ние веруваме дека хотелиерството е најчувствително кога е во прашање квалитетот на услугата на клиентите, хотелските компании мора да нудат беспрекорна услуга во секое време доколку сакаат да останат конкурентни. За да им помогнеме на нашите клиенти да обезбедат оптимално искуство за нивните гости ние го изградивме софтверското решение за управување со хотелски објекти Јонгис Хотел Менаџмент.

Низ годините потрошивме голем број ресурси на истражување и развој за да развиеме сигурен систем кој ќе го подобри начинот на извршување на секојдневните активности во хотелите и истовремено ќе обезбеди ефикасно управување со финансиите и средствата на компанијата.
Јонгис Хотел Менаџмент е флексибилен систем, без разлика дали сте мал градски хотел или  ланец од повеќе хотели, нашиот софтвер може да се прилагоди за потребите на вашата организација. Иако содржи голем број функции и алатки за да се исполни широкиот спектар на барања, ние се погриживме нашиот хотелски софтвер да остане едноставен и лесен за употреба.

Можности

Рецепција

Поединечни резервации, резервации од туристички агенции, пријава и одјава на гости, доделување и контрола на соби, сали итн.

CRM

CRM

Чување и организирање на информации за гостите за подобрување на услугата, комуникацијата, и креирање на програми за лојалност.

Финансии

Управување со приходи, наплата, модул за сметководство, основни средства, бројни финансиски извештаи и анализи итн.

Интеграција

Интеграција

Компатибилен со Pay TV, системи за автоматизација на простор (клими итн.), вграден модул за телефонска централа итн. Можност за интеграција со други системи на барање на клиентот.

Храна и Пијалок

Храна и Пијалок

Беспрекорна интеграција со PoS решението за ресторани од Јонгис за ефикасно работење на рестораните во склоп на вашиот хотел.

Клиенти

atva residence hotel macedonia
laki hotel ohrid
hotel garden ohrid

Дознај повеќе за Јонгис Хотел Менаџмент и неговите можности