Решение прилагодено за вашата бизнис средина

Јонгис ПоС претставува флексибилен систем за продажба кој доаѓа во повеќе варијанти. Без разлика дали се работи за кафе бар, продавница, ресторан или ланец на маркети, Јонгис нуди палета на соодветни решенија кои се прилагодливи на вашите бизнис потреби.

Јонгис софтверот за продажба е комплетно решение кое ви овозможува продуктивно работење на вашите продажни места вклучувајќи лесно додавање на ставки, спецификации, различни видови на плаќање, мобилно праќање нарачки, управување со залихи, детални комерцијални, фискални и материјални извештаи итн. Низ годините Јонгис соработуваше со голем број продавници, трговски компании и угостителски објекти  за да изгради систем за продажба кој е моќен и флексибилен за раководење ланец на продавници но истовремено брз и едноставен за употреба.

Со 3-тата генерација на решенија за продажба, Јонгис испорачува cross-platform web решение дизајнирано за ефикасно управување на сите процеси на едно современо трговско претпријатие, со посебен фокус на дисперзирани трговски организации со повеќе локации и повеќе канали за продажба

Point of sale app

Јонгис ПоС


  • Се препорачува за кафе барови, ресторани, клубови, единствена продавница итн.


  • Брзо и лесно креирање на сметки, артикли и категории. Дефинирање видови на наплата, нормативи, попусти, корисници и улоги 


  • Компактен Touchscreen интерфејс, избирање популарни продукти од почетна страна, брзо пребарување низ сите продукти, користење баркоди


  • Сетирање начин на продажба, управување со маси, пренос на сметки од маса, од келнер.


  • Праќање нарачки во кујна или бар, интеграција со фискални принтери и каси, како и принтери за нарачки


  • Комерцијални и фискални извештаи, остварен промет по денови и/или келнери, по видови наплата итн.


  • Поддршка во рамки на редовно работно време

Јонгис ПоС 3.0


  • Се препорачува за маркети, ланец на продавници, дисперзирани организации итн.


  • Дефинирање неограничен број на параметри за артикли, брзо и едноставно евидентирање на нарачки и продажби


  • Софистицирано управување со залихи, баркодирана евиденција, следење минимални залихи, рокови на траење, трансфер на продукти


  • Програми за лојалност, различни категории на автоматизирани попусти, промоции и сл.


  • Целосно усогласување со законската регулатива, генерирање соодветни обрасци за евиденција во трговијата, персонализирани лагер листи, материјални картици итн.


  • Алатки за анализа, интерактивен dashboard за анализа на продажба, трошоци, и други клучни индикатори по локации, групи, артикли, региони и сл.


  • Премиум корисничка поддршка

*За детална листа на функционалности ве молиме контактирајте не

Дознај повеќе за Јонгис PoS и неговите можности