Зголемена контрола и поефикасно управување со магацинските операции
Новото решение за управување со залихи од Јонгис е cloud базирано, овозможувајќи им на вашите тимови за продажба, логистика, финансии и др. подобра координација во работата без разлика каде се наоѓаат. Web базираниот систем за управување со залихи од Јонгис е дизајниран за да овозможи вашата дистрибуција да се одвива беспрекорно на повеќе локации, истовремено овозможувајќи поефикасно користење на ресурсите на компанијата (работни часови, инвентар, опрема, магацински простор).
Со овој систем ќе добиете целосна контрола над портфолиото од продукти, нарачките и залихите, без разлика дали се наоѓаат во вашите магацини, продавници, или на пат до крајниот корисник.
Со широк спектар на опции за конфигурација и голем број интерактивни и интуитивни извештаи, Јонгис системот за магацинско работење е оптимално решение за компании кои сакаат целосна контрола и оптимизација на залихите, особено за дисперзирани претпријатија.