Зголемена контрола и поефикасно управување со магацинските операции

Новото решение за управување со залихи од Јонгис е cloud базирано, овозможувајќи им на вашите тимови за продажба, логистика, финансии и др. подобра координација во работата без разлика каде се наоѓаат. Web базираниот систем за управување со залихи од Јонгис е дизајниран за да овозможи вашата дистрибуција да се одвива беспрекорно на повеќе локации, истовремено овозможувајќи поефикасно користење на ресурсите на компанијата (работни часови, инвентар, опрема, магацински простор).
Со овој систем ќе добиете целосна контрола над портфолиото од продукти, нарачките и залихите, без разлика дали се наоѓаат во вашите магацини, продавници, или на пат до крајниот корисник.
Со широк спектар на опции за конфигурација и голем број интерактивни и интуитивни извештаи, Јонгис системот за магацинско работење е оптимално решение за компании кои сакаат целосна контрола и оптимизација на залихите, особено за дисперзирани претпријатија.

  • Следење на нарачките, движење на продуктите и моментални залихи
  • Автоматизација на рутински магацински задачи
  • Пренос на залихи помеѓу магацини, продавници, орг. единици (со дигитална потврда за прием)
  • Неограничено креирање и конфигурирање магацини (за готови продукти, суровини, материјали, резервни делови, друг инвентар итн.)
  • Девизни калкулации/приемници и девизни фактури (+UCD & ICD)
  • Графички приказ на состојба на нарачки (во припрема, испорачани, платени и сл.)
  • Неограничено дефинирање на оперативни документи (Испратници, Фактури, Повратници, Реверси …)
  • Интуитивни лагер листи и материјални картици, со повеќе од 50 можности за филтрирање
  • Доделување на посебни ценовници за одредени клиенти
  • Автоматско генерирање кусок и вишок според попис
  • Export документи во PDF и XLS
  • Голем број комерцијални и сметководствени извештаи за залихи, продадени продукти, региони, производители, категории на продукти итн.
  • Интеграција со финансии и ERP …

Дознај повеќе за системот за магацинско работење или прати барање за понуда