Е-фактура со еден клик од Јонгис системот

Лесно креирајте и испратете е-фактура со еден клик, без препишување, дополнителни проверки и усогласување меѓу повеќе системи и табели - сè на едно место. Пополнете ја формата и дознајте како е-фактурата ќе стане едноставен дел од вашето секојдневно работење.

e-faktura

Закажете бесплатна презентација и видете како Jongis ERP го олеснува вашето е-фактурирање

Подготвеност за е-фактура со сигурен и интегриран систем

Систем што ги следи компаниските потреби

Jongis ERP се развива заедно со технолошките и деловните промени, за да ги поддржи тековните и идните потреби на компанијата.

Јасен процес за е-фактурирање

Едноставна евиденција, креирање, испраќање, сторнирање и преглед на историјата на е-фактурите.

Интегрирано ERP решение

Е-фактурата не е изолирана алатка, туку дел од поврзан систем за продажба, залихи, производство, финансии и сметководство, со исти и точни податоци за сите сектори.

Усогласеност со УЈП

Системот е приспособен на барањата за електронско фактурирање и размена на податоци преку системот на УЈП.

Испраќајте точни е-фактури без дополнителна административна работа

Со Jongis ERP, е-фактурата се генерира, испраќа и евидентира директно од системот, без повторно внесување и рачно усогласување. Податоците автоматски се преземаат од поврзаните продажни процеси, согласно начинот на кој работи вашата компанија.

  • Следење на статусот на секоја испратена е-фактура
  • Евиденција, сторнирање и целосен историјат на е-фактурите
  • Автоматско преземање точни податоци од ERP системот
Закажете бесплатна презентација
efaktura

Често поставувани прашања

Нашиот тим ќе ве контактира за краток разговор за начинот на кој моментално ги подготвувате и обработувате фактурите. Потоа ќе договориме презентација приспособена на процесите и потребите на вашата компанија.

Да. Презентацијата и првичниот разговор се бесплатни и не ве обврзуваат на понатамошна соработка.

Податоците од продажните и магацинските документи веќе се наоѓаат во системот и се користат при подготовката на фактурата. Со тоа се намалува потребата истите информации повторно да се внесуваат или префрлаат.

Не. За време на разговорот ќе ги разгледаме вашите тековни процеси и ќе ви препорачаме кои функционалности се релевантни за вашата компанија.

Не. Решението се приспособува според секоја големината на компанијата, бројот на корисници и процесите што треба да бидат опфатени.

Да. Jongis обезбедува локална имплементација, обука на корисниците и поддршка при преминувањето кон новиот начин на работа.