Jongis ERP систем

Еден систем за сите процеси во вашата компанија

Jongis ги поврзува продажбата, набавката, залихите, производството, финансиите и извештаите во еден заеднички систем. Податоците се внесуваат еднаш и се користат низ сите модули, без рачно препишување, дупли евиденции и различни верзии за истата информација.

erp

Подготвеност за дигитално работење и трансформација со интегриран ERP систем

Без застои во процесите

Кога документите, залихите, фактурите и финансиските податоци се поврзани, работата не застанува меѓу сектори. Секој следен чекор се надоврзува на претходниот, без чекање дополнителни информации или проверки.

Заштеда на време, пари и ресурси

Интегриран ERP систем директно штеди ресурси затоа што ги намалува сите скриени трошоци што се создаваат кога секторите работат одвоено: повторно внесување, проверки, чекање, грешки, дупли документи и рачно усогласување.

Едноставно користење на системот

Со Jongis ERP нема непотребно движење низ повеќе алатки. Системот е интуитивен и корисниците работат во јасен процес, со достапност на податоци и документи, таму каде што им се потребни.

Подготвеност за дигитално работење

Е-фактура, AI агент, Jongis BI и мобилна апликација се дел од системот, а не изолирани додатоци. Компанијата работи побрзо и добива дигитализација во секојдневното работење.

Поврзаност на сите сектори и деловни процеси за максимална ефикасност

Усогласени залихи во секое време, низ целата компанија

Jongis ERP го поврзува материјалното работење со комерција, малопродажбата, производството и финансиите. Секој прием, излез, пренос, попис или продажба веднаш се одразува на состојбата на залихата, па сите сектори работат со точни и ажурирани податоци. Без проверки по Excel табели или дополнително усогласување, системот овозможува јасен преглед на артикли, количини, движења и состојби по локации. Повеќе детали за следење залихи на страната за материјално работење. Страната за материјално работење.

Залиха во реално време

При продажба, прием, пренос или испорака, промената веднаш се евидентира во системот, со точен преглед на количините по магацин и локација.

Брзо пребарување и пренос на артикли

Корисниците лесно пребаруваат артикли, проверуваат достапност и вршат пренос меѓу магацини, продавници или други локации. Сите промени веднаш се евидентираат во системот.

Каталог приспособен на вашите артикли

Креирајте сопствена категоризација со групи, подгрупи, атрибути и варијанти според начинот на кој работи компанијата.

Усогласени залихи во секое време, низ целата компанија

Jongis ERP го поврзува материјалното работење со комерција, малопродажбата, производството и финансиите. Секој прием, излез, пренос, попис или продажба веднаш се одразува на состојбата на залихата, па сите сектори работат со точни и ажурирани податоци. Без проверки по Excel табели или дополнително усогласување, системот овозможува јасен преглед на артикли, количини, движења и состојби по локации. Повеќе детали за следење залихи на страната за материјално работење. Страната за материјално работење.

Залиха во реално време

При продажба, прием, пренос или испорака, промената веднаш се евидентира во системот, со точен преглед на количините по магацин и локација.

Брзо пребарување и пренос на артикли

Корисниците лесно пребаруваат артикли, проверуваат достапност и вршат пренос меѓу магацини, продавници или други локации. Сите промени веднаш се евидентираат во системот.

Каталог приспособен на вашите артикли

Креирајте сопствена категоризација со групи, подгрупи, атрибути и варијанти според начинот на кој работи компанијата.

Нарачки, набавки, продажби, увоз и извоз

Управувајте со целиот тек - од понуди и нарачки, до набавки, продажби, фактурирање, увоз и извоз. Системот овозможува следење на договорените цени, условите за плаќање, роковите и документите за секој купувач и добавувач. Девизните калкулации ги вклучуваат фактурите во оригинална валута, курсните разлики и зависните трошоци при увоз, за прецизна пресметка на набавната цена. Сите комерцијални процеси се поврзани со магацинското и финансиското работење. За повеќе детали прочитајте на на страната за комерцијално работење и големопродажба.

Поврзани комерцијални документи

Понуди, нарачки, испратници, приемници, профактури и фактури се водат во поврзан тек. Податоците од еден документ автоматски се преземаат во следниот, без повторно внесување на ставки.

Основа за точна е-фактура

Е-фактурите се подготвуваат од веќе креираните документи во системот. Податоците како: купувач, артикли, цени, даноци и слично се користат од ERP, превенирајќи ризик од грешки и дополнителни подготовки во друг систем.

Продажен тек според вашето работење

Системот се поставува според начинот на кој вашата компанија работи со понуди, нарачки, испратници и фактури. Процесот може да оди директно од нарачка до фактура или преку повеќе поврзани документи, со јасна следливост од почеток до крај.

Брза продажба на каса со целосна контрола на прометот

Jongis POS е наменет за секојдневна работа во продавници, маркети и продажни места каде што брзината, точноста и контролата се клучни. Артиклите се пребаруваат по шифра, име, баркод, варијанта на артикл. Продажбата се одвива брзо, а системот автоматски го евидентира прометот, продадените количини и дневните фискални податоци. Се добива јасен увид во продажбата по продавница, каса, смена, продавач или начин на плаќање. Повеќе детали за малопродажба на страната за материјално работење. Страната за малопродажба.

Брза наплата на каса

Артиклите се додаваат преку пребарување по шифра, име, варијанта или баркод, со можност за touch screen избор. Продажбата се извршува брзо, а податоците веднаш се ажурираат во залиха, промет и финансиска евиденција.

Попусти и loyalty програми

Поставување попусти, акции по период и loyalty правила според различни услови - артикли, групи на артикли, производители, купувачи или периоди. Касиерите работат по однапред дефинирани правила, без импровизација на каса.

Фискализација и законска усогласеност

Поврзување со фискални апарати и поддршка за ПЛТ, ЕТ, КДФИ и нивелација на продажните цени, согласно барањата за малопродажно работење.

Од материјали до готов производ со јасна контрола на секој чекор

Jongis ERP овозможува производствениот процес да се следи од планирање и работен налог, до потрошени материјали, полупроизводи, готови производи и трошоци. Наместо производството да се води изолирано од магацинот, набавката и финансиите, сите промени се евидентираат во истиот ERP тек. Така компанијата има целосна контрола врз материјалите, работните налози, производните количини, шкартот, отпадот и реалните трошоци. За подетален преглед на производствените процеси, погледнете ја страната за производство.

Јасен преглед на секој работен налог

За секој налог се гледа што треба да се произведе, во која количина, за кој купувач или серија, задолжен оператор и реализација. Производството се следи преку статуси и одговорни лица, без телефонски проверки, табели и усни информации од погон.

Автоматски документи при реализација

По реализиран налог системот автоматски ги креира потребните магацински документи - издатница за потрошените материјали и приемница за произведените количини. Производството и залихата остануваат усогласени без дополнително креирање документи.

Навремена набавка на потребни материјали

Ако за производството недостасуваат материјали, системот помага потребата да се претвори во требување или директна нарачка до добавувач. Така магацинот, набавката и производството работат со јасна слика што недостасува, што е нарачано и што треба да се обезбеди.

Финансово работење што прецизно ја следи целата деловна активност

Податоците што се креираат низ сите сектори во компанијата се користат и во финансискиот дел, без потреба од паралелно водење евиденција, дополнителни табели и рачни усогласувања. На едно место се добива прегледна и точна слика за сите фактури, наплати, обврски, побарувања, книжења, е-фактури и финансиски извештаи. Дополнително, системот овозможува smart трансакции, биланси, ДДВ-пријави и буџетирање. За повеќе информации посетете ја страната за финансово работење.

Финансиска структура според вашето работење

Системот овозможува работа со еден или повеќе контни планови, поставени според индустријата, типот на субјект и начинот на вашето финансиско водење.

Контрола на наплати и обврски

Следете што е платено, што е отворено и кои обврски треба да се подмират. Податоците се дел од истиот ERP систем, па финансиската состојба секогаш е усогласена со продажбата, набавката и останатото работење.

Е-фактура и финансиски извештаи

Податоците од фактурите се користат за е-фактура, финансиска евиденција и извештаи. ДДВ пријави, биланси, анализи и тековни извештаи се подготвуваат врз податоци од системот, без дополнително усогласување меѓу различни извори.

Пресметка на плати и ЕПДД

Jongis ERP овозможува пресметка на плати, даноци, придонеси, додатоци и одбитоци според законските прописи и правилата на компанијата. Податоците за вработените, работните позиции и различните видови работен однос се водат во системот, а потребните пресметки, пријави и извештаи се подготвуваат без рачно пренесување на податоци. Системот редовно се усогласува со законските промени во Македонија.

Пресметка на плати

Пресметувајте плати, даноци, придонеси, бонуси и одбитоци според параметрите на компанијата и видот на работниот однос.

Автоматска подготовка на МПИН и ПДД-ГИ

Генерирајте ги потребните месечни и годишни пријави и подгответе ги за електронско поднесување до УЈП.

Евиденција и извештаи за вработените

Следете податоци и креирајте извештаи по вработен, оддел, работна позиција или временски период.

Извештаи прилагодени за секој оддел во компанијата

Jongis ERP овозможува точни и прегледни извештаи конфигурирани според потребите на компанијата, одделите и корисниците, што се базираат на податоците од сите модули во системот.

Jongis BI овозможува визуелен приказ на резултати, трендови и движења по сектори. Наместо рачно спојување табели и барање информации од различни места, компанијата добива јасен преглед на работењето - од оперативни детали до менаџерски dashboards.

Конфигурација на извештаи

Извештаите може да се конфигурираат според тоа што му е потребно на конкретен корисник или оддел, без да се наруши прегледот на другите корисници. Секој тим добива релевантен приказ за својата работа.

Jongis BI

Jongis BI овозможува визуелен приказ на резултатите, трендовите и движењата по сите сектори. Можност за споредба на резултати по период, продавница, магацин, сектор, артикал или друга карактеристика.

Оперативни и финансиски извештаи

Следете реализираност и испорачаност на нарачки, неплатени фактури, валутизации, залихи по магацини, финансиски резултати и искористеност на буџетите.

AI агент за вашиот систем

Во системот е вгредена напредна AI технологија за поддршка на корисниците на Jongis ERP системот. Помага при пребарување и дава јасни насоки за користење на системот за нови вработени. Корисниците можат да поставуваат прашања поврзани со залиха, фактури, продажба, наплата, обврски, производство, документи, генерирање извештаи или било што поврзано со системот.

Onboarding за нови корисници

AI асистентот им помага на новите вработени побрзо да се ориентираат во ERP системот. Добиваат јасни насоки како да се ориентираат и го користат системот.

Пребарување на податоци од системот

Податоците што веќе постојат во ERP системот стануваат полесно достапни за корисниците. Наместо да се бараат низ извештаи и модули, AI асистентот помага веднаш да се најде одговорот што е потребен за вашето работење.

Генерирање извештаи со AI

За корисниците кои сакаат дополнително да ја забрзаат работата, Јонгис нуди опција за активирање на напредна AI технологија. Нуди можност за брза подготовка на извештаи врз основа на податоците во ERP системот - за продажба, залиха, фактури, наплата или производство, со директен пристап до потребните информации.

Од мали бизниси до компании кои опслужуваат повеќе континенти - Jongis ERP докажано дава резултати

70% помалку време

потрошено на усогласување на сметководствените состојби.

Во продукција за само 30 дена

Мали компании стартуваат за неколку недели, а комплексните организации за помалку од 90 дена.

300+ Компании

од различни големини и индустрии ни веруваат секој ден

Лојалност што се заслужува

Повеќе од 7 години просечна соработка - заслужена со производ и услуга, не наметната со договор

€400+ Млн.

Придвижуваме значаен дел од нашата економија.

Усогласеност без напор

Локалната даночна, платежна и др. регулатива е вградена - ажурирана пред роковите, не по нив.

Е-фактура како дел од ERP системот, не како посебна обврска

Во Jongis ERP, е-фактурата не е одвоен процес што бара дополнително препишување и рачно усогласување. Се подготвува директно од податоците што веќе постојат во системот.

На овој начин електронското фактурирање со Jongis станува лесно и едноставно во секојдневното работење.

  • Креирање е-фактури од веќе постоечки ERP податоци
  • Можност за сторно на е-фактура
  • Едноставно следење на статусот и евиденцијата на фактурите
  • Подготвеност за електронско фактурирање и усогласеност со правилата
Закажи консултација
e-faktura

Автоматизирајте ги процесите и добијте целосна контрола врз целото работење

Откријте каде вашата компанија може да заштеди време, ресурси и оперативен напор.